Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 21

:
Macedonian - 2006
1 И почина Јосафат кај своите предци и беше погребан со свои­те предци во Давидовиот град. На негово место се зацари синот негов Јорам.
2 Неговите браќа, синови Јосафа­тови беа: Азарија, Јехиил, Захарија, Азарија, Михаил и Сафатија; сите тие беа сино­ви на израелскиот цар Јосафат.
3 Нивниот татко им даде големи по­дароци во сребро, злато и скапоцености, заедно со утврдените градови во Јудеја, а царството му го предаде на Јорам, бидејќи тој беше првороден.
4 Јорам стапи на татковиот престол, се утврди и ги уби со меч сите свои браќа, а исто така и некои израелски началници;
5 Јорам беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим осум години;
6 тој одеше по патот на израелските цареви, како што постапуваше домот Ахавов, зашто Ахавовата ќерка му беше жена, и го правеше, она што бе­ше неугодно пред очите Господови.
7 Но Господ пак не сакаше да го погуби домот Давидов поради заветот, што го беше воспоставил со Давид, и поради тоа што беше ветил да му даде светилник нему и на синовите негови за сите времиња.
8 Во неговите дни Едомците се одметнаа од власта Јудина и си поставија цар.
9 Затоа Јорам тргна со своите војводи, и со сите коли свои; и станувајќи ноќе, го порази Едом, кого го беа опколиле, и началниците на колите.
10 Така Едомците им станаа постојани противници на Јудејците, до денес. Во исто време се одметна и Ливна од власта негова, зашто Го беше оставил Гос­под Бог на своите предци.
11 Исто така и идолски светилишта направи по горите јудејски, ги воведе во блудство ерусалимските жители и ја заведе Јудеја.
12 И му дојде писмо од пророкот Или­ја, во кое се велеше: „Вака говори Гос­под, Бог на твојот татко Давид: ‚затоа што не тргна по патиштата на татко си Јосафат и по патиштата на Аса, царот јудејски,
13 туку појде по патот на израелските цареви и ги воведе во блудство Јудеја и ерусалимските жители, како што го воведуваше во блудство домот Ахавов, па уште и браќата свои, домот на татко си, кои беа подобри од тебе, ти ги уби.
14 Затоа, еве, Господ ќе го порази со голем пораз твојот народ и синовите твои, и жените твои, и целиот имот твој,
15 а, пак, тебе, со лута болест, со болест на цревата, така што цревата ќе ти излегуваат од утробата од ден на ден.‘“
16 И го подигна Господ против Јорам духот на Филистејците и Арапите, соседи на Етиопјаните;
17 и тие се кренаа против Јудеја, навлегоа во неа и го ограбија сиот имот, што беше во домот на царот, а исто така и синовите негови, и жените негови, та не му остана друг син, освен Охозија, најмалиот од синовите негови.
18 По сето тоа Господ го удри со неиз­лечива цревна болест.
19 Така одеше од ден на ден, а кон крајот на втората година му излегоа цревата од болеста негова и тој умре во страшни маки; и народот не запали за него благопријатни мириси како што правеше за предците негови;
20 тој беше на триесет и две години, кога стана цар, царуваше во Еру­салим осум години, и почина неоплакан; го погребаа во Давидовиот град, но не во царските гробници.