Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

2 Chronicles 18

:
Macedonian - 2006
1 Јосафат имаше големо богатство и слава, па се сроди со Ахав.
2 По неколку години отиде кај Ахав во Самарија; и закла Ахав многу до­биток, ситен и крупен, за него и за луѓето со него и го убедуваше да се кренат против Рамот Галаадски.
3 И му рече Ахав, царот израелски, на Јосафат, царот јудејски: „Ќе дојдеш ли со мене против Рамот Галаадски?“ Тој му одговори: „Како што ќе одиш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ; ќе дојдам со тебе во војна!“
4 Уште му рече Јосафат на царот из­раелски: „Прашај уште денес што ќе рече Господ.“
5 Израелскиот цар собра четиристотини души пророци и им рече: „Да одиме ли во војна против Рамот Га­лаадски, или да се откажеме?“ Тие од­говорија: „Оди, и Господ ќе го предаде во раката на царот.“
6 Јосафат праша: „Нема ли тука уште некој пророк Господов, да го прашаме и него?“
7 Му одговори царот израелски на Јосафат: „Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас него не го сакам, зашто тој не пророкува добро за мене, туку секогаш пророкува лошо; тој е Михеј, син на Јимла.“ Јосафат му рече: „Не зборувај та­ка, царе!“
8 Царот израелски повика еден дворјанин и му рече: „Оди побрзо да го по­викаш Михеј, синот на Јимла!“
9 А царот израелски Ахав и Јоса­фат, царот јудејски, седеа секој на престолот свој, облечени во царска облека, седеа на плоштадот пред самарјанските пор­ти, и сите пророкуваа пред нив.
10 Седекија, синот Ќенаанов, си беше направил железни рогови и рече: „Вака вели Господо: ‚Со нив ќе ги бодеш Ара­мејците, додека не ги истребиш.‘“
11 И сите пророци го пророкуваа истото, велејќи: „Оди против Рамот Галаад­ски, ќе имаш успех, и Господ ќе го пре­даде во раката на царот.“
12 Испратениот, што отиде да го повика Михеј, му рече: „Ене, пророците ед­ногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде таков, како на секого од нив: изречи и ти добро.“
13 Михеј одговори и рече: „Се колнам во живиот Господ! Она што ќе ми каже Господ, тоа ќе го изречам.“
14 Кога дојде кај царот, а царот му рече: „Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галаадски, или да се воз­држиме?“ Тој одговори: „Одете, ќе имате успех; тие ќе бидат предадени во рацете ваши.“
15 Царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам да не ми говориш ништо, освен вистината во името Госпо­дово?“
16 Тогаш Михеј рече: „Ги видов сите синови на Израел, распрснати по горите како овци без пастир и Господ рече: ‚тие немаат водач, секој нека се врати со мир во домот свој!‘“
17 Царот израелски му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека тој не ми пророкува добро, туку само лошо?“
18 Михеј пак рече: „Тогаш чујте го зборот Господов: Го видов Господа, седнат на Својот престол, а сета војска небеска стоеше десно и лево од Него.
19 И рече Господ: ‚Кој ќе го измами Ахав, израелскиот цар, да оди и да загине во Рамот Галаадски?‘ И еден велеше вака, друг велеше инаку.
20 Истапи еден дух, застана пред лицето на Господ и рече: ‚Јас ќе го измамам.‘ А Господ праша: ‚со што?‘
21 Тој одговори: ‚Ќе излезам и ќе станам дух на лагата во устата на сите пророци негови.‘ И рече Тој: ‚Ти ќе го подмамиш и ќе успееш; оди и направи така.‘
22 И сега, ете, Господ допушти да влезе духот на лагата во устата на тие твои пророци, но Господ рече не е добро за тебе.“
23 Тогаш пристапи Седекија, син на Ќенаана, па го плесна Михеја и рече: „По кој пат замина од мене Духот Господов, за да говори во тебе?“
24 А Михеј рече: „Ете, ќе го видиш тоа во оној ден, кога ќе бегаш од соба во соба, за да се сокриеш.“
25 Тогаш израелскиот цар рече: „Земете го Михеј и одведете го кај градоначалникот Амон и кај кнезот Јоас, царевиот син,
26 и речете, вака вели царот: ‚затво­рете го овој во темница и хранете го скудно со леб и вода, додека да се вра­там со мир.‘“
27 А Михеј рече: „Ако се вратиш со мир, тогаш не говорел Господ преку мене.“ И пак рече: „Чујте го ова сите луѓе!“
28 И тргнаа царот израелски и Јоса­фат, царот јудејски, кон Рамот Галаад­ски.
29 И царот израелски му рече на Јоса­фат: „Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи ги царските одежди.“ И се преоблече царот израелски, и влегоа во битка.
30 Тогаш царот арамејски од својата кола им заповеда на војводите: „Не удирајте ни на мал ни на голем, туку само на царот израелски!“
31 А кога заповедниците на колите го видоа Јосафат, си помислија: тоа е ца­рот израелски, и го опколија, за да се удрат со него. Но Јосафат извика, и Господ му помогна, и Бог ги одврати од него.
32 Штом заповедниците на колите видоа дека тоа не беше царот израел­ски, отстапија од него.
33 Во тоа време еден човек го затегна случајно лакот свој и го рани израелскиот цар низ спојката меѓу појасот и оклопот негов. И тој му кажа на човекот: „Врати се назад и изведи ме од битката, зашто сум ранет.“
34 Но борбата во тој ден се засили; и израелскиот цар седеше на колата спроти Арамејците до вечерта и умре по зајдисонце.