Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 17

:
Macedonian - 2006
1 На негово место се зацари синот негов Јосафат, кој пока­жа сила против Израелците.
2 Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стра­жи по земјата јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал татко му Аса.
3 И Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги бараше Ваа­ловците,
4 туку Го бараше Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израел­ците.
5 И Господ го зацврсти царството во рацете негови; сите Јудејци му носеа подароци на Јосафат; тој се здоби со големо богатство и слава.
6 Срцето негово се храбреше на Гос­подовите патишта; притоа тој ги от­страни оброчиштата и паганските све­тилишта во Јудеја.
7 А на третата година од царувањето ги испрати началниците свои Бенхаил, Авдија, Захарија, Натанаил и Михеј да го поучуваат народот по Јудините гра­дови,
8 и со нив левитите: Шемаја, Нета­нија, Зевадија, Асаил, Шемирамот, Јо­натан, Адонија, Товијаху и Тов-Адони­ја, а со нив уште и свештениците Елишама и Јорам.
9 Тие ги подучуваа Јудејците, носеј­ќи ја со себе Книгата на Законот Господов; ги обиколуваа сите јудејски градови и го учеа народот.
10 И ги обзеде страв Господов сите зем­ни царства околу Јудеја, и не војуваа со Јосафат.
11 А од Филистејците му носеа на Јосафат дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен добиток: седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци.
12 Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови, градови и тврдини.
13 Тој имаше големо богатство во јудејските градови, а во Ерусалим храбри борци.
14 Еве го нивниот список според домовите на нивните предци: од Јуда илјаданачалници: Адна водач, кој има­ше триста илјади храбри војници;
15 по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади;
16 по него Амасија, Зихриев син, кој Му се беше посветил на Господ; тој имаше двесте илјади силни војници.
17 Од Венијамин: храбриот војник Елијада, кој имаше двесте илјади воору­жени со лак и штит;
18 по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници.
19 Ете, тие му служеа на царот, покрај оние што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.