Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 13

:
Macedonian - 2006
1 Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам над Јуда стана цар Авија;
2 тој царуваше три години во Еру­салим; мајка му се викаше Михаја, ќер­ка Уриилова, од Гива. И Авија водеше војна со Јеровоам.
3 Авија поведе во војна војска од храб­ри луѓе, четиристотини илјади одбрани мажи, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини илјади мажи, исто така одбрани јунаци.
4 И застана Авија на врвот од планината Цемараим, една од Ефремовите гори, и рече: „Чујте ме, Јеровоаме и си­те Израелци!
5 Не знаете ли дека Господ, Бог Изра­елов, му го даде на Давид цар­ството над Израел засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен.“
6 Но се крена Јеровоам, синот Нава­тов, слуга на Давидовиот син Соло­мон, и се побуни против господарот свој.
7 И се собраа околу него луѓе долни, развратници и станаа против Ровоам, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив.
8 А сега вие мислите дека можете да застанете против царството Госпо­дово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги напра­ви Јеровоам за богови.
9 Нели вие ги изгонивте свеште­ниците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свеште­ници, какви што има кај народите во другите земји? Секој, што доаѓа за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови.
10 А кај нас Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; на Господ Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата служба.
11 Тие Му жртвуваат на Господ сепаленици, секое утро и секоја вечер, и миризливо кадиво, ги поставуваат лебо­вите на трпеза од чисто злато и ги па­лат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господ, нашиот Бог, а вие сте Го ос­тавиле.
12 И, ете, нам на чело ни е Бог и Него­вите свештеници и громогласните тру­би, за да грмат против вас. Синови Из­раелови, не војувајте против Господ, Бог на вашите предци, зашто нема да успеете!
13 Во тоа време Јеровоам направи за­седа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата зад нив.
14 И кога се обѕрнаа Јудејците, туку гледај борба и отспреди и одзади; и по­викаа кон Господ, а свештени­ците за­трубија со труби.
15 И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порази Јеровоам и сите Израелци пред Авија и Јуда.
16 И синовите Израелови почнаа да бегаат пред Јудејците; и Бог ги предаде во рацете нивни.
17 Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израелците петстотини илјади одбрани јунаци.
18 Така синовите израелски беа пони­зени, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господ, Бог на нив­ните предци.
19 Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јешан со селата не­гови и Ефрон со потчинетите му села.
20 И Јеровоам веќе не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре.
21 Авија, пак, се засили; си зеде четиринаесет жени и роди дваесет и два сина и шеснаесет ќерки.
22 Другите дела на Авија, делата не­гови и зборовите негови се опи­шани во записите на пророкот Идо.
23 И почина Авија кај своите предци и го погребаа во Давидовиот град. На не­гово место се зацари синот негов Аса. Во неговите дни земјата беше спокојна десет години.