Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 12

:
Macedonian - 2006
1 Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го ос­тави законот Господов, а заедно со него и сиот Израел.
2 На петтата година од Ровоамовото царување, бидејќи Му беа неверни на Господ, Шишак, египетскиот цар, се крена против Ерусалим,
3 со илјада и двесте коли и шеесет илјади коњаници; со него од Египет дој­де безброен народ: Либијци, Су­кимци и Етиопјани.
4 И ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим.
5 Тогаш пророкот Шемаја дојде кај Ровоам и кај јудејските началници, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Шишак, и им рече: „Вака вели Господ: ‚Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Шишак.‘“
6 Израелските началници и царот понизно рекоа: „Праведен е Господ!“
7 Кога виде Господ дека тие се пони­зија, дојде словото Господово до Шемаја и беше речено: „Нема да ги погубам, туку наскоро ќе ги избавам; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката на Шишак;
8 сепак, тие ќе му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства.“
9 Египетскиот цар Шишак дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на до­мот Господов и ризниците на царскиот дом; одзеде сѐ, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соло­мон.
10 Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во ра­цете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом.
11 Кога одеше царот во Господовиот дом, доаѓаа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги враќаа во живеалиштето на чу­варите.
12 И бидејќи тој се понизи, гневот Гос­подов се одврати од него и не го уништи сосем, зашто и во Јудеја имаше нешто добро.
13 Се зацврсти царот Ровоам во Еру­салим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а царуваше седумнаесет години во Еру­салим, во градот, кого Господ го избра меѓу сите племиња Израелови, за да го постави таму името Негово. Мајка му се викаше Ноема, а беше Амонка.
14 Тој правеше зло, зашто не го беше насочил срцето свое за да Го бара Господа.
15 А делата на Ровоам, од првите, до последните, се опишани во записите на пророкот Шемаја и јасновидецот Идо и во родословијата. Помеѓу Ровоам и Јеровоам постојано имаше војни.
16 Ровоам почина кај своите предци и беше погребан во Давидовиот град. И на негово место се зацари неговиот син Авија.