Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 11

:
Macedonian - 2006
1 Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венија­миновиот дом сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да војуваат против Израел и да му го вратат царството на Ровоам.
2 И дојде слово Господово до Шемаја, човекот Божји, со кое беше речено:
3 „Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар јудејски, и на сиот Израел во Јудиното и Венијамино­вото племе:
4 вака вели Господ: ‚не одете и не почнувајте војна со браќата свои; вра­тете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘“ Тие ги послушаа збо­ровите Господови и се вратија од походот против Јеровоам.
5 Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со ѕидови.
6 Ги утврди Витлеем, Етам, Текоа,
7 Бет-Цур, Сохо, Адулам,
8 Гет, Мареша, Зиф,
9 Адораим, Лакиш, Азека,
10 Цора, Ајалон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе.
11 Ги зацврсти тие тврдини и по­стави во нив началници и складишта со жито, масло и вино.
12 И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин.
13 Свештениците и левитите, колку што ги имаше по целата земја израел­ска, се собраа кај него од сите краишта,
14 зашто левитите ги оставија селата свои и имотите свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејќи Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свеш­тенството Господово
15 и си поставија пагански свеште­ници во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги на­прави.
16 А по нив и од сите племиња израелски, кои го управија срцето свое да Го бараат Господ, Бог Израелов, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господ, Бог на нивните предци.
17 Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоно­виот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давид и Соломон во тие три години.
18 Ровоам си ја зеде за жена Маха­лата, ќерката на Јеримот, син Давидов, и на Авихаил, ќерка на Ели­јав, син на Јесеј;
19 И таа му ги роди синовите: Јеус, Шемарија и Захам.
20 По неа тој ја зеде Мааха, ќерка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Атај, Зиза и Шеломит.
21 Ровоам ја сакаше Мааха, Аве­саломовата ќерка, повеќе од сите свои жени и прилежници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет прилежници, и роди дваесет и осум синови и шеесет ќерки.
22 Ровоам го постави Авија, синот на Мааха, за началник и кнез над бра­ќата свои, зашто сакаше да го напра­ви цар.
23 Па мудро работејќи, тој ги рас­прати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамин, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени.