1 Samuel 52006

1А Филистејците го зедоа ковчегот Божји и го пренесоа од Евен-Езер во Ашдод.

2Го зедоа Филистејците ковчегот Божји, го внесоа во храмот на Дагон и го поставија до овој идол.

3На другиот ден, откако жителите на Ашдод дојдоа рано наутро во храмот на Дагон, ете, Дагон лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов. И го зедоа Дагон и го поставија пак на местото негово.

4На следниот ден, откако станаа утрината, ете, Дагон пак лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов; главата на Дагон и обете дланки на рацете негови беа пресечени, секоја одделно, и лежеа на прагот; само трупот на Дагон беше останал.

5Поради тоа жреците Дагонови и си­те други, кои доаѓаа во домот на Дагон во Ашдод, не стапнуваат на прагот Да­гонов до ден — денешен.

6И раката Господова се протегна врз жителите на Ашдод, и Бог ги удри и ги казни со гнасни чирови во Ашдод и околните места негови.

7Откако го видоа тоа ашдодците, рекоа: „Да не остане ковчегот на Бог Израелов кај нас, зашто тешка Му е раката и за нас и за нашиот бог Дагон.“

8И испратија, та ги собраа кај себе сите филистејски кнезови и рекоа: „Што да правиме со ковчегот на Бог Израелов?“ А тие рекоа: „Нека се пренесе ковчегот на Бог Израелов во Гет.“ И го испратија ковчегот на Бог Израелов во Гет.

9Откако го пренесоа, раката Госпо­дова дојде врз градот и направи ужас мошне голем, и ги удри Господ градските жители од мал до голем, и се појавија на нив израстоци.

10Затоа тие го испратија ковчегот Божји во Екрон. И кога ковчегот Божји дојде во Екрон, екронците извикаа и рекоа: „Го донесоа кај нас ковчегот на Бог Израелов за да нѐ помори нас и народот наш.“

11И испратија, та ги собраа сите фи­листејски кнезови и рекоа: „Испратете го ковчегот на Бог Израелов; нека се вра­ти на местото свое за да не нѐ помори нас и народот наш.“ Зашто се појави смртен страв: по целиот град раката Божја силно се протегна врз нив.

12И оние што не умреа, беа заразени со гнасни чирови, така што пискотот од градот се издигаше до небото.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Samuel 5.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.