1 Samuel 102006

1И зеде Самоил сад со масло, го излеа врз главата негова, го бакна и рече: „Еве, Господ те помаза за владетел на Своето наследство.

2И, кога ќе тргнеш сега од мене, ќе сретнеш два човека близу до Рахили­ниот гроб, во Венијаминовите предели, во Целцах, и тие со радост ќе ти кажат: ‚Се најдоа магариците што одеше да ги бараш, и ете, татко ти, заборавајќи ги магариците, се обеспокои за вас, веле­јќи: Што стана со синот мој?‘

3Откако ќе отидеш понатаму и ќе дојдеш кај Таворскиот даб, и таму ќе те сретнат тројца луѓе, кои одат кај Бога во Ветил: едниот носи три јариња, другиот носи три леба, а третиот носи мев со вино.

4И тие ќе те поздрават и ќе ти ги дадат двата леба, и ти ќе ги земеш од рацете нивни.

5Потоа ќе дојдеш на Божјиот рид, каде што е филистејската стража; и кога ќе влезеш таму во градот, ќе срет­неш група пророци, кои слегуваат од ридот, и пред нив псалтир и тимпани, свирки и харфи, и ќе пророкуваат;

6и Духот Господов ќе слезе врз тебе, и ти ќе пророкуваш заедно со нив и ќе станеш друг човек.

7Кога ќе ги препознаеш овие знаци, тогаш прави она што може раката тво­ја, зашто со тебе е Бог.

8Оди пред мене во Гилгал, каде што и јас ќе дојдам кај тебе за да принесам жртва сепаленица и жртви за благодарност. Седум дена чекај, додека да дојдам кај тебе, и тогаш ќе ти кажам што да правиш.“

9И штом Саул се сврте за да си оди од Самоил, Бог му даде друго срце, и сите оние знаци се збиднаа во истиот ден.

10Кога дојде до ридот, ете, го пресретна групата пророци, и Духот Божји слезе врз него, и тој пророкуваше меѓу нив.

11Сите што го познаваа до вчера и завчера, откако видоа дека тој пророкува со пророците, си велеа еден на друг: „Што се случило со Кисовиот син? Зар и Саул е меѓу пророците?“

12И еден од оние што беа таму, одго­вори и рече: „Па кој е нивниот татко?“ Затоа излезе изрека: „Зар и Саул е меѓу пророците?“

13И тој престана да пророкува и отиде на ридот.

14А Сауловиот чичко го праша него и слугата негов: „Каде одевте?“ Тој одго­вори: „Па ги баравме магариците, но, откако видовме дека ги нема, навративме кај Самоил.“

15И Сауловиот чичко рече: „Раскажи ми што ви рече Самоил.“

16И Саул му кажа на чичко си: „Тој ни јави дека магариците се најдени.“ А она што Самоил му го кажа за царувањето, не му го кажа.

17И Самоил го свика народот кај Гос­под во Мицпа,

18и им рече на синовите Израелови: „Така говореше Господ, Бог Израелов: ‚Јас го изведов Израел од Египет и ве спасив од рацете на Египќаните, од рацете на сите царства што ве притискаа.‘

19А вие сега Го отфрливте вашиот Бог, Кој ве спаси од сите ваши маки и неволји, и Му рековте: постави ни цар. И затоа застанете сега пред Господ, според вашите племиња и според своите родови!“

20И заповеда Самоил да минуваат сите племиња Израелови, и со ждрепка беше посочено Венијаминовото племе.

21И му заповеда на Венијаминовото племе да минува според домовите нивни, и беше посочен Матриевиот род; и го доведоа Матриевиот род човек по човек, и беше посочен Саул, Кисовиот син; и го бараа, но не го најдоа.

22И пак Го запрашаа Господа: „Ќе дојде ли тој човек тука?“ И Господ одговори: „Ене го, тој се крие меѓу запрегата.“

23Го најдоа таму и го извадија оттаму; тој застана среде народот: а од рамени­ците свои угоре беше повисок од сите.

24И Самоил му рече на сиот народ: „Гледате ли, кого го избра Господ? Ка­ко него нема меѓу сиот народ.“ Тогаш сиот народ извика и рече: „Да живее царот!“

25И Самоил му ги изложи на народот правилата на царувањето, ги напиша во книга, и ја стави пред Господ. И го распушти сиот народ, секој во домот свој.

26Исто така и Саул си отиде дома, во Гива; а со него отиде и група луѓе, чии срца ги трогна Господ.

27А лошите луѓе рекоа: „Та тој ли ќе нѐ спаси?“ И го презреа и не му принесоа дарови.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Samuel 10.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.