1 Kings 52006

1Соломон владееше со сите царства од реката Еуфрат до филистејската земја и до границата на Египет. Тие принесуваа дарови и му служеа на Со­ломон во сите дни на неговиот живот.

2Потребите од храна за Соломон и за неговиот персонал за еден ден беа: три­есет кори пченично брашно и шеесет кори друго брашно,

3десет одбрани телиња и дваесет згоени волови и сто овци, а освен елени и срни, и диви кози и птици;

4зашто тој господареше над целата земја од оваа страна на Еуфрат, од Тифса до Газа, над сите цареви од оваа страна на реката, и имаше мир со сите околни земји.

5И живееја Јудејците и Израел спо­кој­но, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Вирсавија, преку сите Соломонови дни.

6Соломон имаше четириесет илјади коњи за коли и дванаесет илјади за коњицата.

7И управниците му доставуваа на цар Соломон сѐ што требаше за царската трпеза, секој во својот месец, и не доз­волуваа да има недостиг од нешто.

8Исто така и јачмен, и слама за коњи­те и за маските доставуваше секој на­времено во местото, каде што се наоѓа­ше царот.

9А Бог му даде на Соломон мудрост, многу голем разум и широчина на срцето како песокот на морскиот брег.

10И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египќаните.

11Тој беше помудар од сите луѓе, помудар и од Етан Езрахиецот и од Хе­ман, и од Калкол и од Дарда, синови на Махол, и името негово се славеше по сите околни народи.

12Тој изрече три илјади мудри изреки, а песните негови беа илјада и пет;

13тој говореше и за дрвјата, од кедар што е во Ливан, до исопот што никнува по карпите; тој говореше и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите.

14И од сите народи доаѓаа да ја чујат Соломоновата мудрост, и сите земни цареви што беа слушнале за неговата мудрост.

15Хирам, тирскиот цар, ги испрати слугите свои кај Соломон, откако слу­ш­на дека го помазале за цар на местото на татко му, зашто Хирам беше Дави­дов пријател во текот на целиот негов живот.

16А и Соломон испрати да му кажат на Хирам:

17„Ти знаеш дека татко ми Давид не можеше да изгради дом за името на Господ, својот Бог, поради војните со околните народи, додека Господ не ги покори под нозете негови;

18но сега Господ, мојот Бог, ми даде спокојство од сите страни: нема против­ник и нема веќе стапици.

19И, ете, јас имам намера да изградам дом за името на Господ, мојот Бог, како што му беше рекол Господ на татко ми Давид, велејќи: ‚Твојот син, кого што ќе го поставам на твојот престол место тебе, ќе изгради дом за Моето име.‘

20Затоа, заповедај да ми насечат кед­рово дрво од Ливан; и ете, моите слуги ќе бидат заедно со твоите слуги, како ти што ќе определиш, зашто знаеш дека кај нас нема луѓе, кои умеат да сечат дрва така, како Сидонците.“

21Кога Хирам ги слушна зборовите од Соломон, многу се зарадува и рече: „Благословен нека е денес Господ, Кој му даде на Давид мудар син за да управува со тој многуброен народ!“

22И Хирам испрати кај Соломон да кажат: „Го сослушав тоа, за кое ти беше испратил порака до мене; ќе ја исполнам твојата желба за кедровото дрво и кипарисовото:

23слугите мои ќе ги довлечкаат од Ливан до морето, и на сплавови ќе ги дотераат по море до местото што ќе ми го определиш; таму ќе ги растоварам, и ти ќе ги земеш; но и ти исполни ја желбата моја да доставуваш храна за мојот дом.“

24И Хирам му даваше на Соломон кедрово дрво и кипарисово дрво, според желбата негова.

25А Соломон му даваше на Хирам дваесет илјади кори пченица за исхрана на неговиот дом и дваесет кори цедено маслиново масло, — толку Соломон му даваше на Хирам секоја година.

26Господ му даде на Соломон муд­рост, како што му беше ветил. И меѓу Хирам и Соломон имаше мир, а склу­чија и сојуз меѓу себе.

27Цар Соломон наложи принудна работа во сиот Израел, а бројот на ма­жите што работеа принудно изнесуваше триесет илјади.

28Тој ги испраќаше во Ливан, по де­сет илјади на месец, на смени; еден месец престојуваа во Ливан, а два месеци — по домовите свои. Хадорам, пак, беше нивни управник.

29Соломон имаше уште седумдесет илјади мажи што го пренесуваа това­рот, и осумдесет илјади каменоделци во планините,

30освен трите илјади и триста настој­ници што Соломон ги беше поставил над работата, да го надгледуваат народот што ги извршуваше работите.

31И царот заповеда да донесуваат големи камења за основата на храмот, камења делкани.

32Ги делкаа, пак, Соломонови работници и Хирамови работници и Гевлиј­ци, и подготвуваа дрвја и камења за градење на храмот три години.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Kings 5.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.