1Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чиновници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.
2Над првото одделение, за првиот месец, началник беше Јашовам, син Завдиелов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади;
3тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец.
4Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
5Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади;
6тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад.
7Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
8Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
9Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
10Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
11Осми, за осмиот месец, беше Сивхај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
12Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
13Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
14Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
15Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше нетофатецот Хелдај, од потомците на Готониил; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
16А над Израеловите племиња началници беа: во Рувимовото — кнезот Елиезер, Зихриевиот син; во Симеоновото — Сафатија, Мааховиот син;
17во Левиевото — Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото — Садок;
18во Јудиното — Елијуј, од Давидовите браќа; во Исахаровиот — Омриј, Михаилов син;
19во Завулоновото — Јишмаја, Авдиев син; во Нефталимовото Јеремот, Азриилов син;
20во Ефремовото — Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасиевото племе — Јоил, Федаевиот син;
21во другата половина од Манасиевото племе во Галаад — Идо, Захариевиот син; во Венијаминовото — Јасиел, Авенировиот син;
22во Дановото — Азариил, Јерохамовиот син. Тоа беа водачите на Израеловите племиња.
23Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол дека ќе го размножи Израел како ѕвездите небески.
24Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израел поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во летописите на царот Давид.
25Над царските ризници беше Азмавет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите — Јонатан, Озиевиот син;
26а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син;
27над лозјата — Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата — Завдиј, Шефамиецот;
28над маслините и смоквите во полињата — Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло — Јоас;
29над крупниот добиток, што пасеше во Сарон — Саронецот Шитрај, а над добитокот во долините — Шафат, синот на Адлај;
30над камилите — Јишмаелецот Овил; над магариците — Мероќанецот Јехдеја;
31над ситниот добиток — Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
32Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Јехиил, Ахмониевиот син, беше со царските синови;
33Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот — царев пријател;
34а по Ахитофел дојдоа Јодај, Бенаевиот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.