1 Chronicles 212006

1Се крена сатаната против Израел и го поттикна Давид да ги преброи Израелците.

2И Давид му рече на Јоав и на начал­ниците народни: „Одете, пребројте ги Израелците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам нивниот број.“

3Јоав рече: „Да го намножи Господ народот Свој стопати повеќе, отколку што е! Сите тие, господаре мој, царе, нели се слуги на мојот господар? Зошто го бара тоа мојот господар? Зошто тоа да му стане причина за вина на Израел?“

4Но царскиот збор надвладеа над Јоав. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израел, и дојде во Ерусалим.

5И му даде Јоав на Давид список на преброениот народ. Сите Израелци беа еден милион и сто илјади мажи мечо­носци, и Јудејци четиристотини и се­думдесет илјади мечоносци.

6А левитите и Венијаминовите пл­е­миња не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоав.

7Тоа нешто Му беше мрско на Бога, и Тој го порази Израел.

8И Давид Му рече на Бога: „Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.“

9И му рече Господ на Гад, јасновидецот Давидов:

10„Оди и кажи му на Давид: вака вели Господ: три казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.“

11Дојде Гад кај Давид и му рече: „Така вели Господ, избери си:

12‚или три години глад, или три ме­сеци да бидеш прогонуван од твоите непријатели, и мечот на твоите не­пријатели да се допира до тебе; или три дена мечот Господов и помор по земјата и ангел Господов да убива по сите предели на Израел.‘ И така, види што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати со овие зборови.“

13Давид му одговори на Гад: „Многу ми е тешко, но подобро да паднам во рацете на Господ, зашто милосрдието Негово е многу големо; само да не паднам во рацете човечки.“

14И испрати Господ помор на Израел, и умреа седумдесет илјади души Израелци.

15Па го испрати Господ ангелот во Ерусалим, за да го истребува. И кога почна да го истребува, Господ виде и се нажали поради тоа зло, и му рече на ангелот истребител: „Доста! Сега спуш­ти ја раката своја!“ А ангелот тогаш стоеше над гумното на Јеву­сиецот Орнан.

16Давид ги крена очите и го виде ангелот Господов како стои меѓу небо­то и земјата со гол меч во раката негова, протегнат над Ерусалим; и падна Давид ничкум со началниците, покрие­ни со вреќишта.

17И Му рече Давид на Господ: „Нели јас наредив да го пребројат народот? Јас згрешив, јас направив зло, а овие овци што направиле? Господи, Боже мој! Не­ка биде Твојата рака врз мене и врз мојот татков дом, а не врз Твојот народ, за да го погубиш.“

18И ангелот Господов му рече на Гад, за да му каже на Давид: „Нека дојде Да­вид и нека постави жртвеник на Господ врз гумното на Јевусиецот Орнан.“

19Давид отиде, според зборовите на Гад, кој му говореше од името Госпо­дово.

20Орнан се сврте, го виде ангелот, а четворицата синови негови се сокрија. Орнан тогаш вршеше пченица.

21Дојде Давид кај Орнан. Орнан, от­како погледа и го виде Давид, излезе од гумното и му се поклони на Давид ничкум до земја.

22Давид му рече на Орнан: „Дај ми го местото на гумново, јас ќе Му изградам на него жртвеник на Гос­под; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.“

23Орнан му одговори на Давид: „Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите за дрва, и пче­ницата — за принос; сето тоа го давам како дар.“

24Царот Давид му рече на Орнан: „Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господ твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.“

25И Давид му даде на Орнан за она место шестотини шекели злато.

26Па Му изгради Давид таму жртве­ник на Господ и Му принесе сепаленици и помирителни жртви; и Го призва Господа, и Тој го послуша, испраќајќи оган од небото врз жртвеникот за сепаленици.

27Тогаш Господ му рече на ангелот: „Врати го мечот свој во ножницата негова!“

28Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусиецот Орнан, таму принесе жртва.

29А Господовата скинија, што беше ја направил Мојсеј во пустината, и жртве­никот за сепаленици во тоа време се најдоа на Гаваонското возви­шение.

30И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на ангелот Господов.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 21.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.