1 Chronicles 192006

1Потоа умре Нахас, цар амон­ски, и место него стана цар си­нот негов.

2Тогаш Давид рече: „Ќе покажам милост кон Анон, Нахасовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.“ И Давид испрати пра­теници за да му изразат сочувство за татко му. Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците, кај Анон, за да го утешат.

3Но амонските началници му рекоа на Анон: „Зар мислиш дека поради почит кон татко ти, Давид испрати кај тебе утешители? Зар слугите негови не дошле кај тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завл­адеат?“

4Тогаш Анон ги фати слугите Дави­дови и ги избричи и им ја пот­сече обле­ката до половина, до крстот, и ги испра­ти.

5И тие си отидоа. Кога му сооп­штија на Давид за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им порачаат од царот: „Останете во Ерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!“

6Кога Амонците видоа дека му стана­ле омразни на Давид, тогаш Анон и Амонците испратија илјада кикари среб­ро, за да најмат коли и коњаници од Арам Нахараим и од Арамејците од Мааха и од Цова.

7И најмија триесет и две илјади коли, а царот на Мааха со народот негов, дојде и се улогори спроти Медева. Се собраа и Амонците од градовите свои и излегоа на војна.

8Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоав со сета војска — јунаци.

9Амонците излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, — одделно во полето.

10Јоав, откако виде дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израел и ги нареди спроти Арамејците.

11А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонците.

12И тогаш рече: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ќе ми помог­неш ти; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам.

13Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ нека направи, како што Му е угодно.“

14И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Арамејците, и тие избегаа од него.

15Амонците, пак, штом видоа дека Арамејците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав се врати во Еру­салим.

16Арамејците, откако видоа дека се победени од Израелците, испратија пра­теници и ги изведоа Арамејците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Шофах, воен началник Адраа­заров.

17Кога му соопштија за тоа на Давид, тој ги собра сите Израелци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Арамејците, и тие се судрија со него.

18И Арамејците избегаа од Израел­ците, и Давид им уништи седум илјади коли на Арамејците, и четириесет илјади пешаци, а воениот началник Шофах го уби.

19Кога видоа луѓето на Адраазар дека Израелците ги поразија, со Да­вид склучија мир и му се потчинија. И Ара­мејците не се осмелуваа повеќе да им помагаат на Амонците.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 19.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.