Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Timothy 4

:
Macedonian - 2006
1 А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења,
2 преку лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест;
3 кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од ја­дења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината.
4 Зашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност,
5 бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
6 Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Хрис­тос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил.
7 Од нечисти и од бапски приказни бе­гај, а обучувај се во побожност;
8 зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за се­гаш­ниот и за идниот живот.
9 Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени.
10 Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат.
11 Ова препорачувај го и поучувај!
12 Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љу­бов, дух, вера и чистота!
13 Додека дојдам, занимавај се со читање на Писмото, со утешување и со поучување!
14 Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророш­тво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството!
15 Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите!
16 Пази на себе и на учењето; биди ис­траен во тоа, зашто, ако постапуваш та­ка, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.