Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

1 Timothy 1

:
Macedonian - 2006
1 Павле, апостол на Исус Христос, по повелба на Бога нашиот Спаси­тел и Господ Исус Христос, нашата на­деж,
2 до Тимотеј, вистинското чедо по ве­ра. Благодат, милост и мир од Бог Оте­цот наш и Христос Исус нашиот Гос­под!
3 Како што на тргнување за Маке­до­нија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,
4 и да не се занимаваат со басни и бес­крај­ни родословија, кои повеќе предиз­викуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата.
5 А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.
6 Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,
7 и сакаат да бидат учители по За­ко­нот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.
8 А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува.
9 Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и не­покорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци,
10 за блудници, за мажеложници, тр­говци со робје, клетвопрестапници, ско­то­ложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука,
11 според славното Евангелие на бла­жениот Бог, кое ми е мене доверено.
12 Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, заш­то сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба,
13 мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, би­деј­ќи тоа го правев без да знам, во неверие.
14 Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ.
15 Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.
16 Па затоа бев помилуван, за да ја по­каже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот ве­чен.
17 А на Царот на вековите, на Не­рас­падливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог нека е чест и слава во сите векови. Амин!
18 Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според пророштвата кои прво тебе те посочија да се бориш како добар војник потпирајќи се на нив,
19 имајќи вера и добра совест, која не­кои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата;
20 меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се на­учат да не хулат.