Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Thessalonians 2

:
Macedonian - 2006
1 Вие сами знаете, браќа, дека на­шето доаѓање кај вас не беше залудо;
2 напротив, откако пострадавме и бев­ме поругани во Филипи, како што зна­ете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Еван­ге­лие со тешка борба.
3 Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,
4 туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборува­ме не за да им угодуваме на луѓето, ту­ку на Бога, Кој ги испитува срцата на­ши.
5 Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!
6 И не баравме слава од луѓе ниту од вас, ниту од други,
7 иако можевме и да се наметнеме ка­ко Христови апостоли. Но сепак ние бев­ме меѓу вас така нежни, како што се од­несува мајката кога ги дои своите де­ца.
8 Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Еван­гелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги.
9 Спомнете си браќа за нашиот труд и ма­ка: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го про­поведавме Евангелието Божјо.
10 Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате.
11 Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,
12 ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава.
13 Затоа и непрестано Му благодариме на Бога, зашто, откако го при­мив­те словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку како што е слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои верувате.
14 Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците
15 што ги убија Господ Исус и проро­ците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат;
16 тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.
17 А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема жел­ба се грижевме да ве видиме.
18 Поради тоа, ние, а најмногу јас, Павле, неколкупати посакавме да дој­деме кај вас; но нѐ попречи сатаната.
19 Зашто, кој е нашата надеж или ра­дост, или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус Хрис­тос при Неговото доаѓање?
20 Да, вие сте нашата слава и радост!