Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Samuel 8

:
Macedonian - 2006
1 А кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии над Израел.
2 Името на неговиот првороден син беше Јоил, а името на вториот син негов Авија; тие беа судии во Вирса­вија.
3 Но синовите негови не одеа по неговите патишта, туку се впуштија во користољубие, земаа подароци и судеа криво.
4 Тогаш се собраа сите старешини Израелови, дојдоа кај Самоил во Рама
5 и му рекоа: „Ете, ти остаре, а сино­вите твои не одат по твоите патишта. Затоа постави ни цар, кој ќе ни суди, како што е кај другите народи.“
6 Овие зборови не му беа пријатни на Самоил, кога рекоа: „Дај ни цар, кој ќе ни суди.“ И Самоил Му се помоли на Господ.
7 А Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот на народот за сѐ што ти говорат. Зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене за да не царувам над нив.
8 Како што постапуваа со Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет, до денес кога Ме оставија и почнаа да им служат на други богови, така постапуваат и со тебе.
9 Затоа, сега послушај го гласот нив­ни! Само свечено опомени ги и објави им ги правата на царот што ќе царува над нив.“
10 И Самоил им ги соопшти сите тие зборови Господови на народот, кој бараше од него цар,
11 и рече: „Еве, какви ќе бидат правата на царот што ќе царува над вас: тој ќе ги зема синовите ваши и ќе ги прави свои колари и свои коњаници и тие ќе одат пред колите негови;
12 и ќе си ги назначува за заповедници над илјада, и заповедници над педесетмина, ќе ги постави да му ги обработуваат нивите, да го жнеат житото и да му прават војничко оружје и сѐ што е потребно за колите негови.
13 Ќе ги зема ќерките ваши за да прават миризливи масла, да готват јадења и да печат леб.
14 Ќе ви ги зема најдобрите ваши ниви, лозја и маслинови градини и ќе им ги дава на слугите свои.
15 Ќе зема десеток од посевите ваши и од лозјата ваши и ќе им го дава на евну­сите свои и на слугите свои.
16 Ќе ги зема робовите ваши и робин­ките ваши, најдобрите момци ваши и магарињата ваши и ќе ги употребува за своја работа.
17 Ќе зема десеток од вашиот ситен добиток, а вие сами ќе му бидете робо­ви.
18 А еден ден кога ќе заофкате од царот свој што самите сте си го избра­ле, Господ нема да ви одговори тогаш.“
19 Но народот не сакаше да го по­слуша гласот на Самоил и рече: „Не, нека има цар над нас,
20 и ние ќе бидеме како другите народи ќе ни суди нашиот цар и ќе оди пред нас, и ќе ги води нашите војни.“
21 И Самоил, откако ги ислуша сите тие зборови на народот, Му ги кажа на Господ.
22 И Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот нивни и постави им цар.“ И Самоил им рече на Израел­ците: „Нека си оди секој во својот град!“