Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Samuel 10

:
Macedonian - 2006
1 И зеде Самоил сад со масло, го излеа врз главата негова, го бакна и рече: „Еве, Господ те помаза за владетел на Своето наследство.
2 И, кога ќе тргнеш сега од мене, ќе сретнеш два човека близу до Рахили­ниот гроб, во Венијаминовите предели, во Целцах, и тие со радост ќе ти кажат: ‚Се најдоа магариците што одеше да ги бараш, и ете, татко ти, заборавајќи ги магариците, се обеспокои за вас, веле­јќи: Што стана со синот мој?‘
3 Откако ќе отидеш понатаму и ќе дојдеш кај Таворскиот даб, и таму ќе те сретнат тројца луѓе, кои одат кај Бога во Ветил: едниот носи три јариња, другиот носи три леба, а третиот носи мев со вино.
4 И тие ќе те поздрават и ќе ти ги дадат двата леба, и ти ќе ги земеш од рацете нивни.
5 Потоа ќе дојдеш на Божјиот рид, каде што е филистејската стража; и кога ќе влезеш таму во градот, ќе срет­неш група пророци, кои слегуваат од ридот, и пред нив псалтир и тимпани, свирки и харфи, и ќе пророкуваат;
6 и Духот Господов ќе слезе врз тебе, и ти ќе пророкуваш заедно со нив и ќе станеш друг човек.
7 Кога ќе ги препознаеш овие знаци, тогаш прави она што може раката тво­ја, зашто со тебе е Бог.
8 Оди пред мене во Гилгал, каде што и јас ќе дојдам кај тебе за да принесам жртва сепаленица и жртви за благодарност. Седум дена чекај, додека да дојдам кај тебе, и тогаш ќе ти кажам што да правиш.“
9 И штом Саул се сврте за да си оди од Самоил, Бог му даде друго срце, и сите оние знаци се збиднаа во истиот ден.
10 Кога дојде до ридот, ете, го пресретна групата пророци, и Духот Божји слезе врз него, и тој пророкуваше меѓу нив.
11 Сите што го познаваа до вчера и завчера, откако видоа дека тој пророкува со пророците, си велеа еден на друг: „Што се случило со Кисовиот син? Зар и Саул е меѓу пророците?“
12 И еден од оние што беа таму, одго­вори и рече: „Па кој е нивниот татко?“ Затоа излезе изрека: „Зар и Саул е меѓу пророците?“
13 И тој престана да пророкува и отиде на ридот.
14 А Сауловиот чичко го праша него и слугата негов: „Каде одевте?“ Тој одго­вори: „Па ги баравме магариците, но, откако видовме дека ги нема, навративме кај Самоил.“
15 И Сауловиот чичко рече: „Раскажи ми што ви рече Самоил.“
16 И Саул му кажа на чичко си: „Тој ни јави дека магариците се најдени.“ А она што Самоил му го кажа за царувањето, не му го кажа.
17 И Самоил го свика народот кај Гос­под во Мицпа,
18 и им рече на синовите Израелови: „Така говореше Господ, Бог Израелов: ‚Јас го изведов Израел од Египет и ве спасив од рацете на Египќаните, од рацете на сите царства што ве притискаа.‘
19 А вие сега Го отфрливте вашиот Бог, Кој ве спаси од сите ваши маки и неволји, и Му рековте: постави ни цар. И затоа застанете сега пред Господ, според вашите племиња и според своите родови!“
20 И заповеда Самоил да минуваат сите племиња Израелови, и со ждрепка беше посочено Венијаминовото племе.
21 И му заповеда на Венијаминовото племе да минува според домовите нивни, и беше посочен Матриевиот род; и го доведоа Матриевиот род човек по човек, и беше посочен Саул, Кисовиот син; и го бараа, но не го најдоа.
22 И пак Го запрашаа Господа: „Ќе дојде ли тој човек тука?“ И Господ одговори: „Ене го, тој се крие меѓу запрегата.“
23 Го најдоа таму и го извадија оттаму; тој застана среде народот: а од рамени­ците свои угоре беше повисок од сите.
24 И Самоил му рече на сиот народ: „Гледате ли, кого го избра Господ? Ка­ко него нема меѓу сиот народ.“ Тогаш сиот народ извика и рече: „Да живее царот!“
25 И Самоил му ги изложи на народот правилата на царувањето, ги напиша во книга, и ја стави пред Господ. И го распушти сиот народ, секој во домот свој.
26 Исто така и Саул си отиде дома, во Гива; а со него отиде и група луѓе, чии срца ги трогна Господ.
27 А лошите луѓе рекоа: „Та тој ли ќе нѐ спаси?“ И го презреа и не му принесоа дарови.