Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Peter 5

:
Macedonian - 2006
1 Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој и самиот сум свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие:
2 пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце.
3 И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото.
4 А кога ќе се јави Пастиро­на­чал­ни­кот, ќе добиете венец на слава што ни­когаш не свенува.
5 Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
6 Понизете се под крепката рака Бож­ја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето.
7 Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас.
8 Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта;
9 спротивете му се со тврда вера, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.
10 А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.
11 Нему слава и власт во веки веков. Амин!
12 По Силван, нашиот верен брат, ка­ко што мислам, ви го напишав ова крат­ко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа!
13 Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој.
14 Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!