Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Kings 6

:
Macedonian - 2006
1 Во четиристотини и осумдесеттата година по излегувањето на Израе­ловите синови од египетската земја, во четвртата година на Соломоновото ца­рување над Израел, во месец зиф, кој е втор месец, Соломон почна да Му гради храм на Господ.
2 А храмот што цар Соломон Му го изгради на Господ, беше долг шеесет лакти, широк дваесет и висок трие­сет лакти;
3 тремот пред храмот беше долг дваесет лакти, според ширината на храмот, и широк десет лакти пред храмот.
4 Во храмот тој направи прозорци, затворени со решетки.
5 И направи доградба околу ѕидовите на храмот, околу светилиштето и Светињата над светињите; а направи и странични соби наоколу.
6 Долниот кат на зградата беше ши­рок пет лакти, средниот широк шест лакти, а третиот широк седум лакти; зашто околу храмот надвор беа напра­вени растојанија за доградба да не допираат до ѕидовите на храмот.
7 Кога се градеше храмот, за градење се употребуваа готови изделкани камења, така што за време на градењето на храмот не се слушаше, ни чекан, ни тес­ла, ниту некакво друго железно орудие.
8 Вратата на средниот кат беше десно од храмот. По тркалезни скали се искачуваа на вториот кат а од вториот на третиот.
9 Така го изгради тој храмот, го изгради и го обложи со кедрови штици.
10 И догради до целиот храм странич­ни соби, високи пет лакти; тие беа при­крепени кон храмот со кедрови греди.
11 Тогаш словото Господово дојде кон Соломон, и му беше речено:
12 „Ете, ти градиш храм: ако одиш по Моите закони, ако постапуваш по Мои­те наредби и ако ги пазиш сите Мои заповеди, управувајќи се според нив, Јас ќе го исполнам врз тебе словото Свое што му го бев кажал на татко ти Давид;
13 и ќе живеам среде Израеловите си­нови и нема да го оставам Мојот народ Израел.“
14 И така, Соломон го изгради храмот и го заврши.
15 Ги обложи ѕидовите на храмот однатре со кедрови штици; од подот до таванот ги обложи однатре со дрво, а подот на храмот го покри со кипарисови штици.
16 А во задната страна на храмот на дваесет лакти од крајот, издигна ѕид и ги обложи ѕидовите и подот со кедрови штици, и направи простор за Светињата над светињите.
17 А храмот, само предниот дел на храмот, имаше четириесет лакти.
18 По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; сѐ беше покриено со кедар; камен не се гледаше.
19 А внатре во храмот тој ја направи Светињата над светињите за да го постави таму ковчегот на заветот Господов.
20 Светињата над светињите беше долга дваесет лакти, широка дваесет лакти, и висока дваесет лакти; тој ја опкова со чисто злато; исто така го опкова и кедровиот жртвеник.
21 Одвнатре, Соломон го опкова хра­мот со чисто злато, и протегна златни вериги пред Светињата над светињите и го опкова со злато.
22 Целиот храм тој го обложи со зла­то, целиот храм докрај, и целиот жрт­веник што е пред Светињата над светињите, го опкова со злато.
23 А во Светињата над светињите направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти.
24 Едното крило на херувимот беше долго пет лакти и другото крило на херувимот пет лакти; десет лакти има­ше од едниот крај на крилјата негови до другиот крај на крилјата негови.
25 Десет лакти имаше и другиот херувим; еднаква мерка и еднаков облик имаа двата херувима.
26 Височината на едниот херувим беше десет лакти, исто така и на другиот херувим.
27 Тој ги постави херувимите среде Светињата над светињите. А крилјата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид; другите нивни крилја пак се среќаваа крило со крило среде просторијата.
28 Тој ги обложи херувимите со злато.
29 И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор.
30 И подот на храмот го опкова со злато во внатрешниот и предниот дел.
31 За влез во Светињата над светињите тој направи врата од маслиново дрво со петоаголни спојки.
32 На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвеќиња и ги обложи со злато; ги покри со злато и херувимите и палмите.
33 И пред влезот на храмот тој напра­ви четириаголни столбови од маслиново дрво
34 и две врати од кипарисово дрво; двете половинки на едната врата беа подвижни, и двете половинки на другата врата исто така беа подвижни.
35 Издлаби по нив херувими, палми и расцутени цвеќиња и ја обложи резбата со злато.
36 И внатрешниот двор го загради од три реда делкани камења и од еден ред кедрови греди.
37 На четвртата година, во месецот зиф, тој ги беше положил основите на храмот Господов,
38 а на единаесеттата година, во месецот бул, тоа е осмиот месец, тој го заврши храмот со сите негови делови и според сите негови преднацрти. Соло­мон го градеше храмот седум години.