Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Kings 14

:
Macedonian - 2006
1 Во она време се разболе Јеровоамовиот син Авија.
2 И Јеровоам ѝ рече на жена си: „Ста­ни и преоблечи се за да не те познаат дека си Јеровоамова жена, па оди во Силом. Таму е пророкот Ахија што ми претскажа дека ќе бидам цар на овој народ.
3 Земи со себе десет леба, питки и грне мед, па оди кај него; тој ќе ти каже што ќе стане со детето.“
4 Јеровоамовата жена така направи: стана, отиде во Силом и влезе во куќата на Ахија. А Ахија веќе не можеше да гледа, зашто очите му беа станале не­подвижни од старост.
5 Тогаш Господ му рече на Ахија: „Ете, Јеровоамовата жена доаѓа да те праша за својот син, бидејќи е болен; кажи ѝ така и така; ќе ти дојде препра­вена како да е некоја друга.“
6 Ахија штом го слушна шумот од нејзините чекори, кога влезе низ вратата, рече: „Влези, Јеровоамова жено; зо­што требаше да се преправаш во друга жена? Јас сум пратен да ти кажам зло.
7 Оди и кажи му на Јеровоам: вака вели Господ, Бог Израелов: ‚Јас те из­дигнав од средината на простиот народ и те поставив за водач на Мојот народ Израел,
8 го одзедов царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе; но ти не си таков, каков што беше Мојот слуга Давид, кој ги пазеше заповедите Мои и кој Ме следеше од сѐ срце, вршејќи го само она што е угодно пред очите Мои;
9 ти постапуваш полошо од сите што беа пред тебе, и отиде, та си направи други богови и идоли за да Ме дразниш, а Мене ме отфрли зад грбот свој,
10 затоа Јас ќе испратам зло врз Јеро­воамовиот дом и ќе го истребам кај Јеровоам сѐ што е машко, и оној што е роб и оној што е слободен во Израел, и ќе го исчистам Јеровоамовиот дом сосема, како што чистат ѓубре;
11 кој од Јеровоамовиот дом ќе умре во град, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птиците небески ќе го исколваат‘; така вели Господ.
12 Стани, па оди во домот свој; и штом ногата твоја ќе стапне во градот, детето ќе умре;
13 сите Израелци ќе го оплачат и ќе го погребат, зашто само тоа од Јеро­воамовиот дом ќе влезе во гроб, бидејќи само во него, од целиот Јеровоамов дом, се најде нешто добро пред Господ, Израеловиот Бог.
14 И Господ ќе Си издигне над Израел цар, кој ќе го истреби Јеровоамовиот дом во оној ден; и што? еве денес!
15 И Господ ќе го порази Израел, и тој ќе биде како трска, која се лула во водата, и ќе ги исфрли Израелците од оваа убава земја што им ја даде на татковците нивни, и ќе ги расфрли зад Реката, поради тоа што си направија идоли и Го гневеа Господа;
16 и ќе го напушти Господ Израел поради гревовите на Јеровоам што сам си ги направи, и со кои го наведе во грев Израел.“
17 Јеровоамовата жена стана, тргна и дојде во Тирца; и штом стапи на куќ­ниот праг, детето умре.
18 И сите Израелци го погребаа и оплакаа, според словото на Господ, што Тој го изрече преку Својот слуга, пророкот Ахија.
19 Другите дела на Јеровоам како војувал и како царувал се опишани во летописите на израелските цареви.
20 Времето, во кое царуваше Јерово­ам, беше дваесет и две години; и почина кај татковците свои, а место него се зацари синот негов Надав.
21 Соломоновиот син Ровоам царуваше во Јудеја. Ровоам беше на четири­есет и една година кога стана цар, и царуваше седумнаесет години во Еру­салим, во градот што Господ го избра од сите Израелови племиња за да ос­тане засекогаш таму името Негово. Името на мајка му беше Ноема, Амон­ка.
22 И Јуда го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, и Јуди­ните синови го разгневуваа повеќе, отколку татковците нивни со гревовите свои што беа ги правеле.
23 Тие си беа издигнале идоли и идолски светилишта на секој висок рид и под секое сенчесто дрво.
24 Во таа земја имаше и блудници што ги вршеа сите гнасотии на оние народи, кои Господ ги беше прогонил од лицето на Израеловите синови.
25 На петтата година од Ровоамовото царување египетскиот цар Шишак се крена против Ерусалим,
26 и ги ограби ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом. Сѐ зеде; ги зеде и сите златни штитови што ги беше направил Соломон.
27 И наместо нив царот Ровоам на­прави бронзени штитови и ги даде во рацете на старешините и телохра­нителите, кои го чуваа влезот во царски­от дом.
28 Кога царот одеше во домот Гос­подов, телохранителите ги носеа, а по­тоа ги враќаа во стражарницата.
29 Другото за Ровоам и за сѐ што вр­шел, е опишано во летописите на јудејските цареви.
30 Меѓу Ровоам и Јеровоам имаше вој­на за сето време додека беа живи.
31 Ровоам почина кај татковците свои и беше погребан кај нив во Давидовиот град. Името на мајка му беше Ноема, Амонка. Наместо него стана цар синот негов Авијам.