Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 John 4

:
Macedonian - 2006
1 Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.
2 По ова распознавајте Го Божјиот Дух: секој дух што признава дека Исус Христос дошол во тело, од Бога е.
3 А секој дух, што не признава дека во тело дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на Антихристот, за кого сте слушале дека доаѓа, па и сега е веќе во светот.
4 Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.
5 Тие се од светот, затоа и световно зборуваат, а светот ги слуша.
6 Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нѐ слуша нас; кој не е од Бога, нас не нѐ слуша. По тоа и го познаваме Ду­хот на вистината и духот на заблудата.
7 Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога, и секој, кој љуби, е роден од Бога и Го познава Бога;
8 кој не љуби, тој не Го познал Бога, зашто Бог е љубов.
9 Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Сво­јот Единороден Син за да живееме пре­ку Него.
10 Во тоа се состои љубовта, што не ние Го возљубивме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Синот Свој за да ги очисти гревовите наши.
11 Возљубени, кога така нѐ возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љу­биме еден со друг.
12 Бога никој никогаш не Го видел. Ако се љубиме еден со друг, Бог пребива во нас и љубовта Негова е совршена во нас.
13 Дека ние пребиваме во Него и Тој во нас, знаеме по тоа што ни дал од Својот Дух.
14 И ние видовме и сведочиме дека Отецот Го испрати Синот како Спа­си­тел на светот.
15 Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог, и тој во Бога.
16 И ние ја познавме љубовта, која Бог ја има кон нас; и поверувавме во тоа дека е Бог љубов, и дека оној, кој пребива во љубовта, пребива во Бога, и Бог во него.
17 Љубовта во нас се усовршува затоа за да имаме смелост на судниот ден; бидејќи, како што е Тој, така сме и ние во овој свет.
18 Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта.
19 Ние Го љубиме, бидејќи Тој от­пр­вин нѐ возљуби.
20 Ако некој рече: „Го љубам Бога“ а го мрази својот брат, тој е лажливец: зашто, кој не го љуби својот брат, кого го видел, како може да Го љуби Бога, Кого не го видел?
21 И таа заповед ја имаме од Него: кој Го љуби Бога, да го љуби и братот свој.