Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 7

:
Macedonian - 2006
1 А за она што ми пишавте добро е човек да не се допира до жена.
2 Но, за да се избегне блудството, се­кој нека си има своја жена, и секоја же­на свој маж.
3 Мажот да ја извршува својата дол­жност спрема жената, а исто така и же­ната спрема мажот.
4 Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
5 Не лишувајте се еден од друг освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.
6 Ова, пак, ви го велам како до­пуш­та­ње, а не како заповед.
7 Зашто сакам, сите луѓе да бидат ка­ко мене; но секој си има своја дарба од Бога еден на ваков начин, друг на по­инаков.
8 А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене.
9 Но, ако не можат да се воздржат, не­ка се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст.
10 А на женетите и мажените им запо­ведам не јас, туку Господ жената да не се разделува од мажот,
11 ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, а и мажот да не ја остава жената своја.
12 А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;
13 и ако некоја жена има маж, без­вер­ник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.
14 Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена без­верничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле не­чисти, а сега се свети.
15 Ако некој безверник сака да се раз­веде, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог.
16 Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти не ќе го спасиш мажот? Или од каде знаеш, о мажу, дека ти не ќе ја спасиш жена ти?
17 Само секој нека постапува така ка­ко што му определил Бог, како го по­ви­кал Господ. Така заповедам по сите цр­кви.
18 Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, не­ка не се обрезува.
19 Обрезанието е ништо, и необре­за­нието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ.
20 Секој да си остане во звањето во кое е повикан.
21 Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.
22 Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; ис­то така и кој е повикан како ослободе­ник станува роб Христов.
23 Вие сте скапо платени! Не станувај­те робови на луѓе!
24 Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.
25 А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господ, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господ да биде верен.
26 Поради сегашната потреба го на­оѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков.
27 Сврзан ли си со жена, не барај раз­вод; разврзан ли си од жена, не барај жена.
28 Но, ако се ожениш, нема да згре­шиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.
29 Ова ви го велам, браќа, зашто времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;
30 и кои плачат како да не плачат; и кои се радуваат како да не се радуваат; и кои купуваат како да немаат ништо,
31 и кои се ползуваат од овој свет ка­ко да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив.
32 Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Гос­по­дови работи, како да Му угоди на Гос­под;
33 а женетиот се грижи за световни работи како да ѝ угоди на жената.
34 Тука е разликата меѓу жената и де­војката. Немажената жена се грижи за Господови работи како да Му угоди на Господ, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за светов­ни работи како да му угоди на мажот свој.
35 Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам стапица, туку при­мерно и непречено да бидете приврзани на Господ.
36 Ако некој мисли дека е срамно де­вицата негова да му остане таква во на­предната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.
37 А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави.
38 Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави.
39 Жената е врзана додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого са­ка, но само во името на Господ.
40 Само, поблажена е ако си остане та­ка, според моето мислење; а мислам де­ка и јас имам Дух Божји.