Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 6

:
Macedonian - 2006
1 Дали некој од вас, кога има спор про­тив друг, би се осмелил да се суди пред неправедни, а не пред светии?
2 Не знаете ли дека светиите ќе го су­дат светот? Ако, пак, вие го судите светот, не сте ли достојни да судите за по­мали работи?
3 Не знаете ли дека ангели ќе судиме, а не, пак, она секојдневното?
4 А кога имате спор за работи од овој свет, за судии земете ги оние кои од црквата се сметаат за безначајни!
5 За ваш срам велам: зарем меѓу вас нема мудар, кој може да расуди меѓу браќата свои?
6 Туку брат со братот се суди, и тоа пред неверници!
7 Многу срамно е веќе тоа и за вас што имате спорови меѓу себе. Зошто поскоро не трпите неправда? Зошто поскоро не ја претрпите штетата?
8 Но вие сами навредувате и нанесува­те неправда и ограбувате, и тоа браќата свои.
9 Или не знаете дека неправедните не­ма да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идоло­поклониците, ни ракоблудците, ни ма­желожниците,
10 ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни раз­бојниците нема да го наследат царството Божјо.
11 А такви беа и некои од вас; но се из­мивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.
12 „Сѐ ми е допуштено!“ Но не е сѐ по­лезно: „Сѐ ми е допуштено!“ Но ништо не сакам да завладее над мене.
13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог и неа и него ќе ги уништи. Телото, пак, не е за блудство, а за Господ, а Господ за телото.
14 А Бог и Господ Го воскресна, и нас ќе нѐ воскресне со силата Своја.
15 Зар не знаете дека телата ваши се делови од Христос? Ќе ги земам ли де­ловите од Христос и да ги направам делови на блудница? Тоа никако!
16 Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“
17 А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.
18 Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.
19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе?
20 Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.