1 Chronicles 9
1 Така беа пребројани според родовите свои сите Израелци, и, ете, тие се запишани во книгите на израелските цареви. А Јудејците, заради беззаконијата свои, беа преселени во прогонство во Вавилон.
2 Првите жители, што живееја во своите владенија, по израелските градови, беа Израелци, свештеници, левити и служители во храмот.
3 Во Ерусалим живееја некои од Јудините синови и од синовите Венијаминови, како и од синовите Ефремови и Манасиеви:
4 Утај, син Амихудов, син на Амвриј, син на Имриј, син на Ваниј, — од синовите на Фарес, Јудиниот син;
5 од синовите Шилонови — Асаја, првороден, и синовите негови;
6 од синовите на Зерах — Јеуел и браќата нивни, — шестотини и деведесет;
7 од синовите Венијаминови — Салу, син на Мешулам, син на Ходавија, син Хасенуин;
8 Ивнеја, син Јерохамов, Ила, син на Озиј, син Мокриев; Мешулам, син на Сафатија, син на Рагуил, син на Ивнија,
9 и браќата нивни според родовите нивни: деветстотини педесет и шест, — сите тие мажи беа началници на родовите во поколенијата свои.
10 А од свештениците: Једаја, Јојарив, Јахин,
11 Азарија, син на Хелкија, син на Мешулам, син на Садок, син на Мерајот, син Ахитувов, кој беше началник на Божјиот дом;
12 Адаја, син на Јерохама, син на Пашхур, син Мелхиев; Масај, син Адиелов, син Јехзеров, син на Мешулам, син на Мешилемит, син Имеров,
13 и браќата нивни, началници на родовите свои: илјада седумстотини и шеесет, — мажи истакнати во службата своја во Божјиот дом.
14 А од левитите: Шемај, Хашувов син, син на Азрикам, син Хашавиев, — од синовите Мерариеви;
15 Бакбакар, Хереш, Галал и Матанија, син на Миха, син на Зихриј, син Асафов;
16 Авдија, син Шемаев, син на Галал, син на Једутун, и Варахија, син на Аса, син на Елкана, кој живееше во Нетофатските села.
17 А вратари: Селум, Акув, Талмон, Ахиман и браќата нивни; Селум беше главен.
18 Тие се и до денес вратари кај царската порта кон исток и ја одржуваат стражата на синовите Левиеви.
19 Селум, син Кореов, син на Евијасаф, син на Кореј, и браќата негови од неговиот род, — Кореовци, по службата беа стражари кај праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом.
20 Финес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него.
21 Захарија, син Мешелемов, беше вратар кај вратата во скинијата на собранието.
22 Сите тие, избрани за вратари кај праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивните села. Нив ги поставија Давид и Самоил јасновидецот заради верноста нивна.
23 Тие и синовите нивни чуваа стража кај вратата на домот Господов, кај домот на скинијата.
24 Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната.
25 А браќата нивни живееја во своите села и доаѓаа одвреме — навреме кај нив за седум дена.
26 Зашто четворицата главни вратари, левити, исто така беа поставени над одаите и ризниците на Божјиот дом.
27 Тие престојуваа и ноќе околу Божјиот дом, бидејќи ним им беше наложено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите.
28 Некои од нив беа поставени кај садовите за богослужба, кои ги примаа со број и даваа со број.
29 На други од нив им беа доверени другите садови и сите посветени нешта: најчисто брашно, вино, масло, темјан и мирисите.
30 А некои од синовите на свештениците подготвуваа миро од разни миризливи материи.
31 А на левитот Матитија, првороден на Кореовецот Селум, му беше доверено она што се подготвува во тавче.
32 На некои од браќата нивни, од синовите Каатови, им беше доверено да ги приготвуваат лебовите што се принесуваат секоја сабота.
33 А пејачите, главните во левитските поколенија, во собите на храмот беа ослободени од работа, бидејќи беа должни да се занимаваат дење и ноќе со својата служба.
34 Тоа се началниците на татковите домови на левитите, според нивните поколенија. Тие живееја во Ерусалим.
35 Во Гаваон живееја: Јеиел, татко на Гаваонците, — жена му се викаше Мааха, —
36 и првородениот син негов Авдон; по него: Цур, Кис, Ваал, Нир, Надав,
37 Гедор, Ахјо, Захарија и Миклот.
38 Миклот го роди Шимам. И тие живееја до браќата свои во Ерусалим, заедно со нив.
39 Нир го роди Кис, Кис го роди Саул, Саул го роди Јонатан, Мелхисуј, Авинадав и Ешбаал.
40 Јонатанов син беше Мерив-Ваал; Мерив-Ваал го роди Миха.
41 Синови на Миха: Питон, Мелех, Тахреа и Ахаз.
42 Ахаз го роди Јара; Јара го роди Алемет, Азмавет и Замвриј, Замвриј го роди Моца.
43 Моца го роди Бина; Рефаја беше негов син; Елеаса, негов син, Ацел, негов син.
44 Ацел имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Азрикам, Бохру, Исмаил, Шеарија, Авдија и Ханан. Тоа се синовите Ацелови.