1 Chronicles 7
1 Синови Исахарови беа: Тола, Пуа, Јашув и Шиврон, четворица.
2 Синови Толови: Озиј, Рефаја, Јериел, Јахмај, Јивсам и Самоил, началници на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во своите родови; нивниот број во времето на Давид беше дваесет и две илјади и шестотини.
3 Озиев син: Јизрахија; а Јизрахиеви синови: Михаил, Авдија, Јоил и Јишија — петмина. Сите тие беа началници.
4 Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади војска подготвена за борба, зашто имаа многу жени и синови.
5 А браќата нивни во сите поколенија Исахарови беа до осумдесет и седум илјади, мажи борбени, запишани во родословните списоци.
6 Венијамин имаше синови: Бела, Бехер и Једиаел — тројца.
7 Синови на Бела: Ецбон, Озиј, Узиил, Јеремот и Ири — петмина, началници, мажи воинствени. Во родословните списоци запишани дваесет и две илјади триесет и четири.
8 Синови Бехерови: Земира, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Омриј, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет; сите тие се синови Бехерови.
9 Во родословните списоци од нив се запишани, по родовите и по старешинство, мажи борбени — дваесет илјади и двесте.
10 Једиаелов син: Билхан; синови Билханови: Јеус, Венијамин, Аод, Кенаана, Зетан, Тарсис, Ахишахар.
11 Сите тие синови Једиаелови беа началници на домови, мажи воинствени; кои одеа во војна, беа седумнаесет илјади и двесте.
12 Шупим и Хупим беа синови Ирови; Хушим беше син Ахеров.
13 А синовите Нефталимови беа: Јахациел, Гуни, Јецер и Селум беа деца од Билха.
14 Синови Манасиеви: Азриил, кого го роди прилежницата негова, Арамејка; таа го роди уште Махир, Галаадов татко.
15 Махир ја зеде за жена сестрата на Хупим и Шупим, — сестрата нивна се викаше Мааха; вториот син на Манасија се викаше Салпаад. Салпаад имаше само ќерки.
16 Мааха, жената Махирова, роди син и го нарече Переш, а брат му се викаше Шереш. Негови синови: Улам и Рекем.
17 Уламов син: Бедан. Тоа беа синови на Галаад, син на Махир, син Манасиев.
18 Сестра му Молехета ги роди Ишход, Авиезер и Махла.
19 Шемидови синови беа: Ахјан, Сихем, Ликхи и Анијам.
20 Ефремови синови: Шутел; и Беред, негов син, Тахат, негов син, Елада, негов син, Тахат, негов син,
21 Завад, негов син, Шутел, негов син, Езер и Елад. Нив ги убија жителите гатски, родени во таа земја, затоа што беа отишле да ги заграбат стадата нивни.
22 И татко им Ефрем плачеше по нив многу денови, а браќата негови доаѓаа да го утешуваат.
23 Потоа тој влезе при жена си; таа зачна и роди син, и тој го нарече со името Берија, затоа што зло го снајде домот негов.
24 Тој имаше и ќерка Шеера. Таа го изгради Долни и Горни Веторон и Узен-Шеера.
25 Негов син беше Рефах; негови синови Решеф и Телах; Тахан, негов син,
26 Ладан, негов син, Амихуд, негов син, Елишама, негов син,
27 Нун, негов син, и Исус, негов син.
28 Имотот нивни и живеалиштата нивни беа: Ветил и селата негови: кон исток Нааран, кон запад Гезер и селата нивни; Сихем и нему потчинетите градови сѐ до Газа со селата нејзини,
29 Во рацете на синовите Манасиеви: Бет-Шан и селата негови, Танах со селата негови, Мегидо со селата негови, Дор и неговите села. Во нив живееја синовите на Јосиф, Израелов син.
30 Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишви, Берија и сестра им Зара.
31 Синови Бериеви: Хевер и Мелхиил. Тој е татко Бирзаитов.
32 Хевер ги роди Јафлет, Шомер, Хотам и сестра им Шуа.
33 Синови Јафлетови: Пасах, Бимхал и Ашват. Тоа беа синови Јафлетови.
34 Синови Шомерови: Ахи, Рохга, Хуба и Арам.
35 Синови на Хелем, негов брат: Цофах, Јимна, Шелеш и Амал.
36 Синови Цофахови: Суах, Харнефер, Шуал, Бери и Јимра,
37 Бецер, Ход, Шама, Шилша, Јитран и Бера.
38 Синови Јетерови: Јефуне, Писпа и Ара.
39 Синови на Ула: Арах, Ханиил и Риција.
40 Сите тие беа потомци Асирови, началници на домовите, одбрани силни и храбри мажи, началници на началниците. Запишани беа во нивните родословни списоци, за војна, на број дваесет и шест илјади души.