1 Chronicles 6
1 И така, синови Левиеви беа: Гершом, Каат и Мерари.
2 Еве ги имињата на Гершомовите синови: Ливни и Семеј.
3 Синови Каатови: Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил.
4 Синови Мерариеви: Махли и Муши. Тоа се потомците Левиеви според родовите нивни.
5 Гершом имаше: Ливни, негов син; Јахат, син негов; Зима, негов син;
6 Јоах, негов син; Идо, негов син; Зерах, негов син; Јеатрај, негов син.
7 Синови Каатови: Аминадав, негов син; Кореј, негов син, Асир, негов син;
8 Елкана, негов син; Евијасаф, негов син; Асир, негов син;
9 Тахат, негов син; Уриил, негов син; Озија негов син; Саул, негов син.
10 Синови на Елкана: Амасај и Ахимот.
11 Елкана, негов син; Цофај, негов син; Нахат, негов син;
12 Елијав, негов син; Јерохам, негов син; Елкана, негов син; Самоил, негов син.
13 Синови Самоилови: првородениот Јоил, втор Авија.
14 Синови Мерариеви: Махли, неговиот син Ливниј; неговиот син Семеј, син му Оза,
15 Шима, негов син; Хагија, негов син; Асаја, негов син.
16 Ете, нив ги постави Давид да пеат во Господовиот дом, откако го внесе во него ковчегот.
17 Тие служеа како пејачи пред скинијата на собранието, додека Соломон го изгради домот Господов во Ерусалим. Тие настапуваа во службата своја според редот свој.
18 Еве ги оние што настапуваа со синовите свои: од синовите Каатови — Еман, пејач, син на Јоил, син на Самоил,
19 син на Елкана, син на Јерохам, син на Елиил, син на Тоах,
20 син на Цуф, син на Елкана, син на Маат, син на Амасај,
21 Син на Елкана, син на Јоил, син на Азарија, син на Цефанија,
22 син на Тахат, син на Асир, син на Евијасаф, син на Кореј,
23 син на Јицхар, син на Каат, син на Исара, син Левиин, син Израелов.
24 И брат му Асаф, кој стоеше од десната страна негова, — Асаф, син на Варахија, син на Шима,
25 син на Михаил, син на Баасеј, син на Малкија,
26 син Етниев, син Зерахов, син Адаев,
27 син Етанов, син Зимин, син Семеиев,
28 син Јахатов, син Гершомов, син Левиев.
29 А од синовите на Мерари, нивните браќа, на левата страна: Етан, син Кушиев, син Авдиев, син Малухов,
30 син Хашавиев, син Амасиев, син Хелкиев,
31 син Амасиев, синот Баниев, синот Шомеров,
32 синот Махлиев, синот Мушиев, синот Мерариев, син Левиев.
33 Браќата нивни, левитите, беа определени за секаква служба во Божјиот дом;
34 Арон, пак, и синовите негови ги гореа приносите врз жртвеникот и врз кадилниот жртвеник извршуваа секое свештенодејствие во Најсветата Светиња и за исчистување на Израел во сѐ, како што беше заповедал Божјиот слуга Мојсеј.
35 Еве ги синовите Аронови: Елеазар, син негов; Финес, син негов; Авишуа, син негов;
36 Буки, негов син; Озиј, негов син, Зерарија, негов син;
37 Мерајот, негов син; Амарија, негов син; Ахитув, негов син;
38 Садок, негов син; Ахимаац, негов син.
39 Еве ги нивните живеалишта според селата нивни во нивните предели: на синовите Аронови од родот Каатов, според она што им се падна со ждрепка;
40 го дадоа Хеврон, во земјата Јудина, и околината негова;
41 а нивите на тој град и селата негови му ги дадоа на Халев, синот Јефунеов.
42 На Ароновите синови им ги дадоа и прибежишните градови: Хеврон и Ливна со околиите нивни, Јатир и Ештемоа со околината негова,
43 Хилез и околината негова, Давир и околината негова,
44 Ашан со околината негова и Ветсамис со околината негова;
45 а од племето Венијаминово — Гева и околината негова, Алемет со околината негова, и Анатот со околината негова; сите нивни градови во родовите нивни беа тринаесет града.
46 На другите синови Каатови од челадта на тоа племе им дадоа со ждрепка десет града од делот на половината од племето Манасиево.
47 На синовите Гершомови, според родовите нивни, од племето Исахарово, од племето Асирово, од племето Нефталимово и од племето Манасиево во Башан им дадоа тринаесет градови.
48 На синовите Мерариеви, според родовите нивни, од племето Рувимово, од племето Гадово, и од племето Завулоново им дадоа со ждрепка дванаесет градови.
49 Така синовите Израелови им ги раздадоа на левитите градовите со околините нивни.
50 Ги дадоа со ждрепка од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови оние градови, што се спомнати по име.
51 На некои родови од Каатовите синови им беа дадени градовите од Ефремово племе.
52 И им ги дадоа прибежишните градови: Сихем и неговите пасишта во Ефремовата ридеста земја, Гезер со неговите пасишта,
53 Јокмеам и околината негова, Веторон со неговите пасишта,
54 Ајалон со неговите пасишта и Гат-Римон со неговите пасишта;
55 од половината на Манасиевото племе — Анер со неговите пасишта и Валаам со неговите пасишта, тоа за семејствата на другите синови Каатови.
56 На синовите Гершомови од половината од племето Манасиево им го дадоа Голан во Башан со неговите пасишта и Аштарот со неговите пасишта;
57 племето Исахарово — Кедес и неговите пасишта, Даверат и неговите пасишта,
58 Рамот со неговите пасишта и Анем со неговите пасишта;
59 од племето Асирово — Машал и околината негова, Авдон и околината негова,
60 Хукок со неговите пасишта и Рехов со неговите пасишта;
61 од племето Нефталимово — Кедес во Галилеја и неговите пасишта, Хамон со неговите пасишта и Кирјатаим со неговите пасишта.
62 А на другите синови Мерариеви — од племето Завулоново, Римон со неговите пасишта и Тавор со неговите пасишта.
63 Од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток од Јордан, од племето Рувимово го дадоа Бецер во пустината и нејзините пасишта, Јахца и неговите пасишта.
64 Кедемот со неговите пасишта и Мефаат со неговите пасишта.
65 Од племето Гадово — Рамот во Галаад и неговите пасишта, Маханаим и неговите пасишта,
66 Есевон со неговите пасишта и Јазер со неговите пасишта.