1 Chronicles 5
1 Синови на Рувим, првороден Израелов; тој беше првороден, но откако ја оскверни постелата на татко си, првенството им беше дадено на синовите на Јосиф, син Израелов, но под услов да не се пишат првородени.
2 Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосиф, —
3 синови на Рувим, првородениот Израелов, беа: Енох, Палу, Есром и Карми.
4 Синови на Јоил: Шемаја, неговиот син Гог, неговиот син Семеј,
5 негов син Миха, негов син Реаја, негов син Ваал,
6 негов син Беера, кого што асирскиот цар Тилгат-Пилнесер го одведе во плен. Тој беше началник на Рувимците.
7 А роднините негови, според родовите нивни, според нивниот родословен список, беа: Јеиел — главен, потоа Захарија
8 и Бела, син Азазов, син на Шема, син Јоилов; тој живееше во Ароер, до Нево и до Ваал-Меон;
9 потоа живееше тој кон исток сѐ до влезот во пустината, кој се протега до реката Еуфрат, зашто беа многубројни во земјата Галаадска.
10 Во дните на Саул, тие водеа војна со Хагријците, а тие се населија во шаторите нивни по целата источна страна на Галаад.
11 Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Башанска, до Салеха:
12 во Башан главен беше Јоил, втор — Сафан, потоа Јанај и Шафат.
13 Браќата нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мешулам, Сева, Јорај, Јакан, Зија и Евер, седум.
14 Еве ги синовите на Авихајл, син на Хури, син на Јароах, син Галаадов, син на Михаил, син Јешишаев, син Јахдоев, син Бузов.
15 Ахи, син на Авдиел, син Гуниев, беше началник во домот на својот род.
16 Тие се населија во Галаад, во Башан и по селата негови и во сите пасишта на Сарон, сѐ до крајните предели нивни.
17 Тие сите беа впишани во родословијата во времето на јудејскиот цар Јотам и во времето на израелскиот цар Јеровоам.
18 Меѓу потомците на Рувим и Гад и половината од племето Манасиево имаше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и опитни на борба, — четириесет и четири илјади седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.
19 Тие војуваа со Хагријците, со Јетурејците, Нафишејците, Нодавејците.
20 И помош им беше дадена против нив, и Хагријците беа предадени во рацете нивни со сѐ што имаа, зашто во времето на борбите тие Го повикуваа Господа и Тој ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.
21 И ги зедоа стадата нивни: педесет илјади камили, ситен добиток двесте и педесет илјади, магариња две илјади и сто илјади луѓе.
22 Зашто ранети паднаа многу, бидејќи борбата беше од Бога. И живееја на нивното место сѐ до прогонството.
23 Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Башан до Ваал-Ермон и Сенир и до гората Ермон; и тие се намножија.
24 Еве ги нивните началници: Ефер, Јиши, Елиил, Азриил, Еремија, Ходавија и Јахдиел, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои.
25 Но тие направија престап против Бога на татковците свои и почнаа да живеат блудно според боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,
26 тогаш Бог Израелов го поттикна духот на асирскиот цар Пул и духот на асирскиот цар Тилгат-Пилнесер, и тие ги преселија Рувимците и Гадовците и половината од племето Манасиево и ги одведоа во Хелах, Хавор и Хара и на реката Гозан, каде што се и до ден денешен.
27 Синови на Левиј беа: Гершом, Каат и Мерари.
28 Синови на Каат: Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил.
29 Синови на Амрам: Арон, Мојсеј и Мирјам. Синови на Арон: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.
30 Елеазар го роди Финес. Финес го роди Авишуа.
31 Авишуа го роди Буки, Буки го роди Озиј,
32 Озиј го роди Зараја, Зараја го роди Мериел.
33 Мариел го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув.
34 Ахитув го роди Садок, Садок го роди Ахимаа.
35 Ахимаа го роди Азарија, Азарија го роди Јоанан.
36 Јоанан го роди Азарија, тој беше свештеник во домот во кој живееше Соломон во Ерусалим.
37 И Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув.
38 Ахитув го роди Садок, а Садок го роди Селум.
39 Селум го роди Хелкија, а Хелкија го роди Азарија.
40 Азарија го роди Сераја, Сераја го роди Јоседек.
41 А Јоседек отиде во пленство со Јуда и Ерусалим во рацете на Навуходоносор.