Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 27

:
Macedonian - 2006
1 Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чинов­ници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доа­ѓајќи и зами­нувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.
2 Над првото одделение, за првиот ме­сец, началник беше Јашовам, син Зав­диелов; во одделението негово има­ше дваесет и четири илјади;
3 тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец.
4 Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
5 Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади;
6 тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад.
7 Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.
8 Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
9 Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
10 Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
11 Осми, за осмиот месец, беше Сив­хај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
12 Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Вени­јаминови; и во неговото одделение има­ше дваесет и четири илјади.
13 Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение има­ше дваесет и четири илјади.
14 Единаесетти, за единаесеттиот ме­сец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.
15 Дванаесетти, за дванаесеттиот ме­сец, беше нетофатецот Хелдај, од по­томците на Готониил; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.
16 А над Израеловите племиња начал­ници беа: во Рувимовото кнезот Елие­зер, Зихриевиот син; во Симео­новото Сафатија, Мааховиот син;
17 во Левиевото Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото Садок;
18 во Јудиното Елијуј, од Давидо­вите браќа; во Исахаровиот Омриј, Михаи­лов син;
19 во Завулоновото Јишмаја, Ав­диев син; во Нефталимовото Јеремот, Аз­риилов син;
20 во Ефремовото Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасиево­то племе Јоил, Федаевиот син;
21 во другата половина од Манасие­вото племе во Галаад Идо, Захарие­виот син; во Венијаминовото Јасиел, Авенировиот син;
22 во Дановото Азариил, Јерохамо­виот син. Тоа беа водачите на Израело­вите племиња.
23 Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Гос­под беше рекол дека ќе го размножи Израел како ѕвездите небески.
24 Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израел поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во лето­писите на царот Давид.
25 Над царските ризници беше Азма­вет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите Јонатан, Озиевиот син;
26 а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син;
27 над лозјата Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата Завдиј, Шефамиецот;
28 над маслините и смоквите во полињата Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло Јоас;
29 над крупниот добиток, што пасеше во Сарон Саронецот Шитрај, а над до­битокот во долините Шафат, синот на Адлај;
30 над камилите Јишмаелецот Овил; над магариците Мероќанецот Јехдеја;
31 над ситниот добиток Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
32 Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Је­хиил, Ахмониевиот син, беше со царските синови;
33 Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот царев пријател;
34 а по Ахитофел дојдоа Јодај, Бенае­виот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.