Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 26

:
Macedonian - 2006
1 Еве го распоредот на вратарите: од Кореовците: Мешеле­мија, Кореев син, од синовите Аса­фови.
2 Синови на Мешелемија: првороден Захарија, втор Једиаел, трет Зева­дија, четврти Јатниел,
3 петти Елам, шести Јоханан, седми Елјехоенај.
4 Синови Аведарови: првороден Ше­маја, втор Јозавад, трет Јоах, четврти Сахар, петти Натанаил,
5 шести Амиел, седми Исахар, ос­ми Пеулетај, зашто Бог го беше благословил.
6 На синот негов Шемаја му се родија исто така синови, кои имаа власт во родот свој, бидејќи беа мажи силни.
7 Синови Шемаеви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и неговите браќа, мажи храбри: Елијуј и Семахија.
8 Сите тие беа од синовите на Аведар; тие и синовите нивни и браќата нивни беа мажи погодни и за служба способни: Аведар ги имаше шеесет и двајца.
9 Мешелемија имаше синови и браќа, мажи способни осумнаесет.
10 Хоса, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Шимри, старешина, иако не беше првороден, но татко му го беше поставил за старешина;
11 втор Хелкија, трет, Тевалија, четврти Захарија; сите синови и браќа на Хоса беа тринаесет.
12 Тоа беше распоредот на врата­рите според началниците на родови­те, спо­собни за служба заедно со браќата свои, за да служат во домот Господов.
13 Тие фрлија ждрепка, како мали­от, така и големиот, според домовите на своите татковци, за секоја врата.
14 Ждрепката за источната му се падна на Шелемија; фрлија ждрепка и за синот негов Захарија, мудар советник, и ждрепката му се падна за северната.
15 На Аведар за јужната, а на синовите негови кај складовите.
16 На Шупим и на Хоса на запад при Шалехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража.
17 Кон исток имаше по шестмина ле­вити, кон север по четири, кон југ по четири, а кај складовите по двајца.
18 Кон запад на патот кај тремот по четири, а кај самиот трем по двајца.
19 Тоа беше распоредот на врата­рите од синовите Кореови и синовите Мерариеви.
20 А браќата нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и ризницата на посветените работи.
21 Меѓу синовите на Ладан, Гирсо­нов син, старешини на домовите од Ладан Гирсонски, беа синовите на Јехиил.
22 И синовите Јехиилови: Зетам и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом,
23 заедно со потомците на Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил.
24 Шевуел, син на Гершом, Мојсеев син, беше надзорник на ризниците.
25 Брат му Елиезер имаше син Риха­вија, а тој син Јешаија, а тој син Јо­рам, а тој син Зихриј, а тој син Шело­мит.
26 Шеломит и браќата негови ги надгледуваа сите ризници на светите рабо­ти, што ги беше посветил царот Давид и родоначалниците и илјадниците, стотниците, и војсководачите.
27 Од воениот плен тие посветуваа за одржување на домот Господов.
28 И сѐ, што беше посветил Самоил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Аве­нир, синот Ниров, и Јоав, синот на Саруја, сето посветено беше под рацете на Шеломит, и браќата негови.
29 Од родот Јицхаров: Хонанија и си­новите негови беа одредени за надворешна служба во Израел, за писари и судии.
30 Од родот Хевронов: Хашавија и браќата негови, храбри мажи, илјада и седумстотини, имаа надзор над Израел, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба.
31 Во родот Хевронов Јерија беше началник на Хевроновците, во нив­ните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и меѓу нив се најдоа јунаци мажи во Јазер Галаадски.
32 И браќата негови, мажи способни, две илјади и седумстотини, беа начал­ници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и половината од племето Мана­сиево за сите Божји и царски работи.