Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 23

:
Macedonian - 2006
1 Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израел синот свој Соломон.
2 И ги собра сите началници израел­ски, свештениците и левитите;
3 а левитите од триесет години и на­горе беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум илјади души.
4 Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири илјади, писари и судии шест илјади,
5 четири илјади вратари и четири илјади, оние што ќе Го слават Гос­пода со свирки, направени од Давид за про­славување на Господ.
6 И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови Гирсон, Каат и Мерари.
7 Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.
8 Синови Ладанови: прв Јехиил, Зетам и Јоил тројца.
9 Синови Семеиеви: Шеломит, Хазиел и Аран тројца. Тие беа Ладанови ро­довски началници.
10 А и уште синовите Семеиеви: Ја­хат, Зина, Јеус, Берија. Тоа беа синови Семеиеви уште четворица.
11 Јахат беше главен, Зина втор; Јеус и Берија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.
12 Синовите Каатови: Амрам, Ицхар, Хеврон и Узиил четворица.
13 Синовите Амрамови: Арон и Мој­сеј. Арон беше определен да ги посветува најсветите работи довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господ, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.
14 А Мојсеј, човек Божји, и сино­вите негови беа придодадени кон Левиевото племе.
15 Синови Мојсееви: Гершом и Елие­зер.
16 Синови Гершомови: прв беше Шевуел.
17 Синови Елиезерови беа: прв Рихавија. Други синови Елиезер нема­ше; а Рихавија имаше многу синови.
18 Синови Јицхарови: прв Шеломит.
19 Синови Хевронови: прв Јерија, втор Амарија, трет Јахазиел и четврти Јекамам.
20 Синови Узиилови: прв Миха и втор Јишија.
21 Синови Мерариеви: Махли и Муши. Синови Махлиеви: Елеазар и Кис.
22 Елеазар умре и немаше синови, ту­ку само ќерки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.
23 Синови Мушиеви: Махли, Едер и Јеремот тројца.
24 Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени сите до еден по име, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.
25 Зашто Давид рече: „Господ, Бог Израелов, му даде мир на Својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,
26 та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.“
27 Затоа, според последните Давидо­ви заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,
28 за да бидат покрај синовите Аро­нови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да ја извршуваат секоја служба во Божјиот дом;
29 да ги надгледуваат принесените лебови, пченичното брашно за лебен принос, пресните пити, сѐ печено и пржено и над сите мерки и тежини;
30 секое утро да стојат за да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,
31 при сите сепаленици, принесувани на Господ во саботни дни, во ново­месечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, постојано пред лицето на Господ,
32 и да ја пазат скинијата на собранието, светилиштето и синовите Аронови, нивни браќа, на службите во домот Господов.