Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 20

:
Macedonian - 2006
1 По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува амонската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше оста­нал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши.
2 И го зеде Давид венецот на царот нивен од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и ска­поцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давид. И при­лично голем плен изнесоа од градот.
3 А луѓето, што беа во него, ги изведуваше и ги тераше да работат со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонските градови; па се врати Давид и сиот народ во Еру­салим.
4 Потоа изби војна со Филистејците во Гезер. Тогаш Хушанецот Сивхај го уби Сипај, еден од Рефаимовите потомци. И тие беа покорени.
5 И пак имаше војна со Филистеј­ците. Тогаш Елханан, синот Јаиров, го уби Лахмиј, Голијатовиот брат, од Гет, на кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно.
6 Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прс­тите му беа по шест вкупно дваесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.
7 Тој го навредуваше Израел, но Јонатан, син на Давидовиот брат Шима, го уби.
8 Тие се беа родиле од Рефаимов­ците во Гет, и паднаа од раката на Давид и од рацете на слугите негови.