Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 2

:
Macedonian - 2006
1 Еве ги синовите на Израел: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Заву­лон,
2 Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир.
3 Синови на Јуда: Ер, Онан и Шела, тројцата му се родија од Шуевата ќерка, Хананејка. Ер, првенецот Јудин, беше лош во очите на Господ, и Тој го уби.
4 Тамара, негова снаа, му ги роди Фарес и Зерах. Сите синови на Јуда беа пет.
5 Синовите на Фарес се: Есром и Хамул.
6 Синовите на Зерах: Замвриј, Етан, Еман, Калкол и Дара сѐ на сѐ пет.
7 Синови на Карми: Ахар, кој навлече неволја врз Израел, прекр­шувајќи ја заклетвата.
8 Син на Етан: Азарија.
9 Синови на Есром што му се родија: Јерахмеел, Арам и Келувај.
10 Арам, пак, го роди Аминадав: Ами­надав го роди Наасон, началник на Јудините синови;
11 Наасон го роди Салмон, Салмон го роди Вооз;
12 Вооз го роди Овид, Овид го роди Јесеј;
13 Јесеј го роди својот прв син Елијав, вториот Аминадав, третиот Шима,
14 четвртиот Натанаил, петтиот Радај,
15 шестиот Озем, седмиот Давид.
16 Нивни сестри беа: Саруја и Авигеја. Синови на Саруја: Авеса, Јоав и Асаил, тројца.
17 Авигеја го роди Амаса; а татко на Амаса беше Јетер, Јишмаелец.
18 Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јешер, Шовав и Ардон.
19 Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ор.
20 Ор го роди Ури, а Ури го роди Веселеил.
21 Потоа Есром влезе при ќерката на Махир, Галаадов татко, и ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегув.
22 Сегув го роди Јаир; тој имаше дваесет и три града во Галаадската земја,
23 бидејќи од Гесурците и Арамеј­ците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махир, Галаадовиот татко.
24 Откако умре Есром во Ха­лев-Еф­рат, Есромовата жена Авија му го роди Ашхур, татко на Текоа.
25 Синови на Јерахмеел, Есромовиот првенец, беа: првенецот Арам, по него Буна, Орен, Озем и Ахија.
26 Јерахмеел имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Онам.
27 Синовите на Арам, првенец Јерах­меелов, беа: Маац, Јамин и Екер.
28 Синови на Онам беа: Шамај и Јада. Синови на Шамај: Надав и Авишур.
29 Жената Авишурова се викаше Авихајла, таа му ги роди Ахван и Молид.
30 Синови на Надав: Селед и Афаим. Селед умре бездетен.
31 Афаимовиот син беше Иши, Ишиевиот син Шешан, Шешановиот син Ахлај.
32 Синови на Јада, Шамаевиот брат: Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен.
33 Синови на Јонатан: Пелет и Заза. Тоа се синовите Јерахмеелови.
34 Шешан немаше синови, туку само ќерки. Шешан имаше еден роб, Егип­ќанец, по име Јарха.
35 Шешан му ја даде ќерката своја за жена на својот роб Јарха, а таа му го роди Атај.
36 Атај го роди Натана, Натан го роди Завад;
37 Завад го роди Ефлал, Ефлал го роди Овид;
38 Овид го роди Јуј, Јуј го роди Азарија;
39 Азарија го роди Хелец, а Хелец го роди Елеаса;
40 Елеаса го роди Сисмаја, Сисмај го роди Салум;
41 Селум го роди Јекамија, Јекамија го роди Елишама.
42 Синови на Халев, брат Јера­хмеелов, беа: Меша, негов првенец, кој е татко на Зиф, а синовите на Меша: Хеврон.
43 Синови на Хеврон: Кореј и Тапуах, Рекем и Шема.
44 Шема го роди Рахам, Јоркеамов татко, а Рекем го роди Шамај.
45 Шамаевиот син беше Маон, а Маон беше татко на Бет-Цур.
46 А Ефа, прилежницата на Халев, ги роди Харан, Моца и Газез.
47 Синови на Јахдај: Регем, Јотам, Гешан, Фелет, Ефа и Сааф.
48 Мааха, прилежницата Халевова, го роди Шевер и Тирхан;
49 таа го роди и Шааф, таткото на Мадмана и Сева, таткото на Макве­нин и татко на Гива. А ќерка Хале­вова бе­ше Ахса.
50 Еве ги синовите Халевови: синот Ор, првенец од Ефрата; Шовал, татко на Кирјат-Јарим;
51 Салмон, Витлеемов татко; Хареф, Бет-Гадеров татко.
52 Шовал, Кирјат-Јаримовиот татко, имаше син: Харое, од кого се половината жители на Менухот.
53 Од родовите на Кирјат-Јарим: Ит­рити, Путити, Шуматити и Миш­раити. Од нив потекнуваат племињата: Сорат­јани и Ештаолјани.
54 Синови Салминови: Витлеемците и Нетофатците, Атровците од Јоавовиот дом, и половината од Манахатиевите Сараќани,
55 племињата на писарите што живееја во Јабец беа: Тираќани, Шимеаќани, Сукаќани, тоа се Кениј­ците што дојдоа од Хамат, од таткото на Рихавовиот дом.