Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 18

:
Macedonian - 2006
1 Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, па го пре­зеде Гет и неговите села од рацете на Филистејците.
2 Тој ги порази и Моавците, и Моав­ците му станаа поданици на Да­вид и му даваа данок.
3 Давид го порази и цовајскиот цар Адраазар во Хамат, кога тој одеше да ја утврди власта своја до реката Еуфрат.
4 И зароби Давид од него илјада коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; и ги уништи Давид сите коли, оставајќи од нив само сто.
5 Арамејците од Дамаск сакаа да му дојдат на помош на цовајскиот цар Адраазар, но Давид порази дваесет и две илјади Арамејци.
6 Давид постави војска во Арам кај Дамаск, и Арамејците му станаа на Да­вид поданици и му плаќаа данок. Така му помагаше Господ на Давид секогаш, каде и да одеше.
7 Давид ги заплени златните штитови, што ги носеа Адраазаро­вите слуги, и ги донесе во Ерусалим.
8 А од Тивхат и Кун, Адраазарови градови, Давид однесе мошне многу ба­кар. Од него Соломон ги направи ба­карното море и столбовите, и бакарните садови.
9 Кога чу за тоа хаматскиот цар Тоу дека Давид ја поразил целата војска на цовајскиот цар Адраазар,
10 го испрати синот свој Хадорам кај царот Давид, да го поздрави и да му честита, поради тоа што војувал со Адраазар и го поразил зашто Тоу беше во војна со Адраазар, и по него испрати секакви садови златни, среб­рени и бакарни.
11 Царот Давид Му ги посвети на Господ, заедно со среброто и златото, што го беше одзел од сите народи: Едомците, Моавците, Амонците, Фи­листејците и Амаликијците.
12 И Авеса, синот на Саруја во Со­лената Долина порази осумнаесет илјади Едомци;
13 и постави во Едом војска, и сите Едомци му станаа поданици на Давид. Господ му помагаше на Давид секогаш, каде и да одеше.
14 И царуваше Давид над сиот Израел и делеше суд и правда на сиот народ свој.
15 Јоав, Саруевиот син, беше војвода над војската, а Јосафат, Ахилудовиот син летописец,
16 Садок, синот на Ахитув, и Ави­мелех, синот Авијатаров, беа свеште­ници, а Шавша писар,
17 Ванеја, синот на Јодај, беше над Керетијците и Пелетијците, додека си­новите Давидови беа први до царот.