1 Chronicles 13
1 Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со секој водач,
2 и му кажа на целото собрание израелско: „Ако ви е угодно, и ако благоволи Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши браќа насекаде по целата израелска земја, а исто така и до свештениците и левитите во градовите и селата нивни, за да се соберат кај нас,
3 и да го пренесеме ковчегот на нашиот Бог кај нас, зашто во времето на Саул не се обраќавме кон него.“
4 И целото собрание рече: „Така нека биде!“ зашто тоа му се виде праведно на целиот народ.
5 Така Давид ги собра сите Израелци, од Шихор египетски до влезот во Хамат, за да го пренесат ковчегот Божји од Кирјат-Јарим.
6 И отиде Давид и сиот Израел во Кирјат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму ковчегот на Бог, Господ, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име.
7 И го повезоа ковчегот на нова кола од домот Авинадавов, а Оза и Ахјо ја водеа колата.
8 Давид, пак, и сите Израелци играа со сета сила пред Бога, во придружба на гусли, псалтири, тимпани и труби.
9 Кога стигнаа до Кидоновото гумно, Оза посегна со раката да го придржи ковчегот, бидејќи воловите го беа настраниле.
10 Но Господ се разгневи на Оза и го погуби поради тоа што посегна со рака кон ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице.
11 Давид се нажали затоа што Господ го погуби Оза. И го нарече тоа место Фарес-Оза така се нарекува и до ден денешен.
12 И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: „Како ќе го внесам кај себе ковчегот Божји?“
13 И не го донесе Давид ковчегот кај себе во Давидовиот град, туку го засолни во куќата на Гетчанецот Аведар.
14 И остана ковчегот Божји кај Аведар, во куќата негова, три месеци, и Господ го благослови домот на Аведар и сѐ што имаше.