Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Zephaniah 1

:
Macedonian - 1990
1 Словото Господово упатено до Софонија, синот на Хусија, син Годолиев, син Амориев, син Езекиин, во деновите на Јосија, син Амонов, цар јудејски.
2 Сѐ ќе истребам од земјата вели Господ;
3 ќе ги истребам луѓето и добитокот, ќе ги истребам птиците небески и рибите морски и соблазните заедно со безбожниците; ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата, вели Господ.
4 И ќе ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Ерусалим; ќе ги истребам од тоа место остатоците на Ваала, името на жреците со свештениците,
5 и оние, кои на покривите се поклонуваат на небесната војска, и од поклониците оние што се колнат во Господа и се колнат во својот цар,
6 како и оние, што отстапија од Господа, не Го бараат Господа ниту прашуваат за Него.
7 Замолкни пред лицето на Господа Бога, зашто близу е денот Господен. Веќе го приготви Господ жртвеното клање, определи и кого да повика.
8 Во денот на жртвата Господова Јас ќе ги посетам кнезовите, синовите на царот и сите, што се облекуваат во облеки на другоплеменици;
9 ќе ги посетам во оној ден сите, кои го прескокнуваат прагот, што го исполнуваат домот на својот Господ со насилство и измама.
10 И во тој ден, вели Господ, ќе има вик при Рибните порти и ридање при другите порти, а и големо уривање на ридови.
11 Плачете жители од долниот дел на градот, оти ќе исчезнат сите трговци; истребени ќе бидат сите што носат сребро.
12 А во тоа време Јас ќе го разгледам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние, кои седат на своите стражарски места и велат во срцето свое: »Господ не прави ни добро ни лошо«;
13 пак ќе станат богатствата нивни пљачка и куќите нивни ќе се запустат, и нема да живеат во нив; и ќе насадат лоза, но вино нема да пијат од неа.
14 Близу е денот велик на Господа, близу е и многу брза: веќе и се слуша гласот на денот Господен. Со горчина ќе завика тогаш дури и најхрабриот.
15 Тој ден е ден на гневот, ден на жалост и на тескоба, ден за запустување и уривање, ден на темнина и на мрак, ден облачен и маглив,
16 ден на труба и на боен повик против утврдените градови и високите кули.
17 И Јас ќе ги притеснам луѓето, и тие ќе одат како слепи, оти згрешија против Господа, и растурена ќе биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет.
18 Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ќе може да ги спаси во денот на гневот Господен, а од огнот на ревноста Негова ќе биде уништена таа земја, и тоа ќе биде ненадеен крај на сите жители нејзини.