Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Zechariah 6

:
Macedonian - 1990
1 Пак ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, излегуваат четири коли со коњи од еден дол меѓу две планини, а тие планини беа од бакар.
2 Кај првата кола коњите беа црвеникави, кај втората црни;
3 кај третата кола коњите беа бели, а кај четвртата кола сиви и силни.
4 Проговорив и му реков на ангелот, што зборуваше со мене: »А што значи ова, господине мој?«
5 Ангелот одговори и ми рече: тоа се четирите небесни духа, кои излегуваат да се претстават пред Господа над целата земја.
6 Враните коњи излегуваа кон северната страна, а белите одеа по нив, додека сивите коњи одеа кон јужната страна.
7 Излегоа и силните, па се впуштија да ја обиколат земјата; и он им рече: »обиколете ја земјата«, и тие ја обиколија.
8 Тогаш тој ме повика и ми рече: ете, оние што отидоа кон северната страна, го успокоија духот Мој против северната страна.
9 И пак би слово Господово до мене:
10 земи од дојдените робја, од Халдеја, од Товија и од Једаја, и тргни истиот ден, па дојди во домот на Јосија, синот Софониев, каде што тие пристигнаа од Вавилон.
11 Земи од нив сребро и злато, па направи венци, и стави ги на главата на Исуса, синот Јоседеков, големиот архиереј,
12 и речи им: вака вели Господ Саваот: »Ете, маж, името Негово е Зачетник,« Он ќе израсне од коренот свој и ќе создаде храм Господен.
13 Он ќе создаде храм Господен и ќе се прослави, ќе седне на престолот свој и ќе биде владетел, ќе биде и свештеник на престолот свој, и ќе има согласност за мир меѓу едниот и другиот.
14 А венци ќе бидат за Хелема и Товија, за Једаја и Хена, синот Софониев, како спомен во храмот Господен.
15 И оддалеку ќе дојдат луѓе, што ќе учествуваат во градењето, на храмот, и вие тогаш ќе разберете, дека Господ Саваот ме испрати при вас, и сето тоа ќе се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог.