Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Zechariah 12

:
Macedonian - 1990
1 Пророчко слово од Господа за Израилот. Господ, Кој го распна небото и ја основа земјата и му создаде на човекот дух, кој е во него, вели:
2 ете, Јас ќе го направам Ерусалим како чаша за опивање на сите народи околни, а исто така и за Јуда во времето на ерусалимската опсада.
3 Во оној ден ќе го направам Ерусалим како тежок камен за сите племиња; сите што ќе го подигаат, ќе се искилават, а ќе се соберат против него сите народи земни.
4 Во оној ден, вели Господ, Јас ќе го поразам секој коњ со лудост, а коњаникот негов со безумие, додека врз домот Јудин ќе ги отворам очите Свои; секој коњ пак, при народите ќе го празам со слепило.
5 Тогаш кнезовите Јудини ќе речат во срцата свои: моја сила се жителите на Ерусалим во Господа Саваот, нивниот Бог.
6 Во оној ден Јас ќе ги направам кнезовите Јудини како запален јаглен меѓу дрва и како огнено светило меѓу снопови; тие ќе ги истребат сите околни народи, и од десната и од левата страна, и Ерусалим ќе биде одново населен на своето место во Ерусалим.
7 И Господ ќе ги спаси најнапред шаторите на Јуда, така што величието на домот Давидов и величието на ерусалимските жители да не се издига над Јуда.
8 Во оној ден Господ ќе ги брани жителите на Ерусалим, и најслабиот меѓу нив во оној ден ќе биде како Давид, а домот Давидов ќе стане како Божји дом, како ангел Господен пред нив.
9 Во оној ден ќе ги истребам сите народи, што го напаѓаат Ерусалим.
10 А врз домот Давидов и врз жителите ерусалимски ќе излијам дух на благодат и милост, и тие ќе погледаат на Него, Кого тие го прободоа, и ќе плачат за Него, како што се плаче за еднороден син, и ќе жалат како што се жали за првороден.
11 Во оној ден ќе се крене голем плач во Ерусалим, како плач на Хададримона во долината Мегидон.
12 И ќе плаче земјата, секое племе посебно; племето на домот Давидов, и жените нивни одделно;
13 племето на Левија одделно, и жените нивни одделно; племето Симеоново одделно, и жените нивни одделно;
14 и сите други племиња, секое племе одделно, и жените нивни одделно.