Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Song of Solomon 7

:
Macedonian - 1990
1 Сврти се, сврти се Суламко, сврти се, сврти се, да те погледаме! Зошто сакате да ја гледате Суламка, како на оро манаимско?
2 О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник,
3 папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја купа пченица, опкружена со кринови;
4 двете твои гради како две јаренца, како близначиња на срна;
5 Вратот твој како столб од слонова коска; очите твои Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој Ливанска кула, свртена кон Дамаск;
6 главата твоја на тебе како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките.
7 О, колку си убава, о, колку заносна, возљубена моја, со твојата убавина!
8 Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради на гроздови.
9 Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри како мирис на јаболко;
10 устата твоја е како најдобро вино. Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку устните кои спијат.
11 Јас припаѓам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.
12 Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата;
13 утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања.
14 Мандрагорите веќе шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!