Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Song of Solomon 6

:
Macedonian - 1990
1 Каде отиде твојот возљубен, о, најубава меѓу жените? Каде скришна твојот возљубен? Ние ќе го побараме со тебе.
2 Мојот возљубен отиде во градината своја, во ароматните цветници, за да пасе во градината и да бере кринови.
3 Јас му припаѓам на мојот возљубен, а мојот возљубен мене; тој пасе меѓу криновите.
4 Убава си, мила моја, како Тирса, прекрасна привлечна како Ерусалим, страшна како војска со знамиња.
5 Тргни ги очите од мене, зашто ме збунуваат.
6 Косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галад; забите ти се како стадо овци, кога излегуваат од капење, од кое секоја е со по две јагниња, и јалова меѓу нив нема,
7 твоите образи под превезот твој се како две половинки од калинка.
8 Има шеесет царици, осумдесет наложници и безброј моми,
9 но единствена е таа, гулабицата моја, совршената моја; единствена е таа на мајка си, избрана кај родителката своја. Ја видоа момите, и ја возвеличија, ја видоа и цариците возљубената, и ја пофалија.
10 »Која е таа, што болска како зора, убава како месечина, светла како сонце, страшна како војска со знамиња?«
11 Слегов во ореовата градина да погледнам зелена долина, да видам дали се развила лозата, дали процутеле калинките. Таму ќе ти ги дадам усните мои.
12 Не знам, како душата да ме влече кон колите на големците од мојот народ.