Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Song of Solomon 2

:
Macedonian - 1990
1 Јас сум саронски нарцис, долински крин!
2 Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите.
3 Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Посакав сенка нејзина, и седнав; плодовите нејзини се слатки за грлото мое.
4 Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов.
5 Поткрепете ме со сочни гроздови, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов.
6 Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
7 Ве заколнувам ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
8 Гласот на мојот возљубен, еве, го: доаѓа, скока преку фиданките по горите, прескокнува преку ридовите.
9 Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, погледнува низ прозорецот, ѕирка низ решетката.
10 Мојот возљубен се огаси и ми рече: »Стани, мила моја, убавице моја, дојди!
11 Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе,
12 цвеќиња се појавија по земјата; настана време за кроење лози, и гласот на гугутката се слуша во земјата наша;
13 смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!
14 Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е ѕвонлив, и лицето ти е прекрасно.
15 Фатете ни ги лисиците, лисичињата, оти тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.«
16 Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум негова; тој го пасе стадото меѓу кринови.
17 Додека денот не измине и сенките ги снема, врати се, мил мој, и биди како срна, како млад елен, по горите што не разделуваат.