Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Revelation 8

:
Macedonian - 1990
1 Кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу половина час.
2 И ги видов седумте ангели, што стоеја пред Бога и им се дадоа седум труби.
3 Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му се даде многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник, што беше пред престолот.
4 Димот од темјанот со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.
5 И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.
6 И седумте ангели, што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.
7 Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета трева зелена изгоре.
8 Затруби и вториот ангел и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третината од морето се претвори во крв;
9 и умре третината од морските суштества, кои што имаа душа; и една третина од лаѓите пропаднаа.
10 И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.
11 А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи беа загорчени.
12 Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена третината од сонцето, третината од месечината и третината од ѕвездите, за да им потемнее нивниот трет дел, та третината од денот, како и на ноќта, да не свети.
13 И видов и чув еден орел како лета посреде небото и да вика со висок глас: »Тешко, тешко, тешко на оние што живеат по земјата од другите трубни гласови на трите ангели, што ќе трубат!«