1Господ се зацари; се облече во велелепие, Господ се препаша со сила, затоа што вселената ја зацврсти и нема да се разниша.
2Твојот престол е утврден од почетокот на времето; Ти постоиш отсекогаш.
3Ги издигнаа реките, Господи, ги издигнаа реките гласовите свои.
4Но од бучењето намногуте води, чудесни се морските бранови, чудесен е Господ во висините Свои.
5Сведоштвата Твои се многу уверливи. На твојот дом, Господи, му припаѓа светост за долго време.