1Колку е добар Бог кон Израилот, кон оние што се со чисто срце!
2А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ќе станеа несигурни, –
3зашто им позавидев на беззакониците, гледајќи како мирно живеат грешниците,
4оти не страдаат сѐ до самата смрт, и цврстина им е во бичот.
5во човечките работи не учествуваат и неволјите на другите луѓе нив не ги засегаат.
6Затоа гордоста владее со нив; се облекле во неправда и нечестие;
7неправдата им излегува како од сало, и му угодуваат на срцето;
8се подбиваат и лукаво зборуваат, за неправдата гордо говорат;
9ја креваат устата кон небото, а јазикот нивни ја обиколува земјата.
10Затоа народот Мој ќе се врати ваму, и своите денови ќе ги најде исполнети.
11И рекоа: »Како дозна Бог, и има ли знаење во Севишниот?«
12Ете, такви се грешниците и успеваат вечно да го држат богатството.
13И си реков: зар залудо го држев срцето свое во праведност и во невиност ги измив рацете свои.
14и се изложував на напријатности секој ден и на срам секое утро?
15Но акоречев: ќе расудувам и јас така, – тогаш ќе го изневерев родот на Твоите синови.
16И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене
17сѐ додека не влезам во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај.
18Итака, заради подмолноста нивна дозволи да ги снајде зло, и ги понизи кога се возгордееја.
19Како запустеа, како ненадејно изчезнаа и загинаа поради своето беззаконие!
20Како сон кога човек се разбудува, така во градот Твој, Господи, образот нивни уништи го.
21Зашто срцето мое се разгоре и утробата моја се измени.
22А јас поразен и не разбрав, како добиче бев пред Тебе.
23Но Јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја,
24ме упати со советот Свој и ме прими во Твојата слава.
25Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо не барам.
26Изнемоште срцето мое и телото мое; Боже на срцето мое и наследството мое, Боже, довека.
27Зашто, ете, оние, што се оддалечуваат од Тебе, пропаѓаат; Ти го истребуваш секого, кој отстапува од Тебе.
28А мене ми е добро да сум со Бога, на Господа ја полагам надежта моја, за да ги вознесувам сите похвали Твои кај портите на ќерката Сионова.