Psalms 68
1 Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.
2 Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи.
3 Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, надевајќи се на мојот Бог.
4 Оние, што ме мразат без вина, се намножија повеќе од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, тогаш го давав.
5 Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе.
6 Да не се посрамат поради мене сите они, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат порадимене оние, кои Те бараат, Боже Израилев,
7 зашто заради Тебе поднесувам исмејување, и срам го обзеде лицето мое.
8 Туѓ станав за браќата свои и чуден за синовите на мајка ми моја.
9 Бидејќи ревноста за Твојот дом ме јаде, и подбивите на оние, што Те хулат, паѓаат врз мене;
10 и постам со душата своја, но и тоа ми го земаат за зло
11 место облека облекувам вреќа; и со тоа им станав за приказ;
12 против мене зборуваат оние што седат пред портите и пијаниците пеат за мене.
13 Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; благопријатно е времето, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе;
14 изведи ме од калта, за да не потонам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води;
15 за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста.
16 Услиши, ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме;
17 не одвраќај го лицето Свое од чедото Твое, зашто сум нажален; услиши ме брзо;
18 наклони се кон душата моја и избави ја; поради моите непријатели спаси ме.
19 зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: пред тебе се сите што ме оскрбуваат.
20 Подбив и срам дочека мојата душа, очекувајќи некого во сострадание, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов.
21 И ми дадоа жолчка да каснам и кога зажеднев – со оцет ме напоија.
22 Трпезата нивна нека им биде примка, гоштевањето – стапица;
23 да ми се помрачат очите, та да не гледам, и бедрата нивни ослаби ги засекогаш;
24 излиј го врз нив гневот Свој, и јароста на Твојот гнев нека ги обземе;
25 домовите да им ги запустиш, и во шаторите нивни да не остане никој жив;
26 зашто оној кого Ти го порази, тие го гонат, и со тоа ги умножија болките од раните мои.
27 Притури беззаконие врз беззаконието нивно, за да не влезат во Твојата правда.
28 Нека бидат избришани од книгата на живите и да не бидат запишани меѓу праведните.
29 Јас, пак, сум беден и страдам; нека дојде од тебе, Боже, спасението за мене!
30 Ќе го славам името на мојот Бог со песна, ќе го возвеличувам во славословија,
31 и тоа ќе Му биде поугодно на Господа, отколку теле или јунец со рогови и со копита.
32 Нека го видат тоа оние што страдаат и нека се зарадуваат. Побарајте Го Бога за да ви оживи душата ваша,
33 зашто Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои.
34 Нека Го пофалат небесата и земјата, морето и сѐ што живее во него;
35 зашто Бог ќе го спаси Сион, ќе се изградат градови во Јудеја, и таму ќе ги наследат;
36 и потомството на слугите Твои ќе се весели во него.