Psalms 41
1 Како што кошутата жеднее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе!
2 Душата моја жедува за силниот и живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе се јавам пред лицето Божјо?
3 Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог?
4 Се сетив на тоа и ја излив душата своја, зашто ќе поминам низ места каде што е чудесната скинија – до Божјиот дом – при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник.
5 Зошто тагуваш, душо моја, и зошто толку ме вознемируваш? Надевај се на Бога, бидејќи јас не Него се надевам, мојот Бог е мое спасение.
6 Се возбуди душата моја во мене, поради тоа ќе си спомнувам на Тебе до земјата Јорданска, од Ермон и од гората мала.
7 Бездна повикува бездна со гласот на Твоите водопади; сите Твои води и Твои бранови навалија на мене.
8 Дење Господ ќе ја покажува милоста Своја, а јас ноќе ќе Му пеам и ќе Му се молам на Бога на мојот живот.
9 Ќе му речам на Бога: Ти си мој застапник. Зошто ме заборави? Зошто одам нажален додека непријателот ме притискува?
10 Трошејќи ги коските мои, непријателите мои се подигруваат со мене, велејќи ми секој ден: каде е твојот Бог?
11 Зошто тагуваш, душо моја, и зошто ме вознемируваш? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Бог е моето спасение.