1Радувајте се, праведници, во Господа: на праведниците им прилега похвала.
2Славете Го Господа со гусли, пејте Му на псалтир со десет жици,
3пејте Му нова песна; пејте Му силно и со восклик,
4зашто словото на Господа е право, и сите дела Негови се вистински.
5Он сака милостиња и суд преведен; со милоста Господова е исполнета земјата.
6Преку словото на Господа се зацврстија небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни.
7Он ги собира како во мев морските води; бездните ги става во сокровишта.
8Нека се бои од Господа целата земја; нека треперат пред Него сите жители во вселената,
9зашто Он рече и тие настанаа; Он заповеда и се создадоа.
10Господ ги руши помислите на незнабошците, ги спречува намерите нивни и ги сопира помислите на кнезовите.
11А замислата Господова вечно постои; мислите на срцето Негово преминуваат од род во род.
12Блажен е оној народ, на кој Господ му е Бог, и луѓето, кои Он ги избрал за наследството Свое.
13Од небесата погледа Господ, ги виде сите синови човечки;
14од престолот, на кој седи, погледна на сите, кои живеат по земјата:
15Он, Кој на сите нимим ги создал срцата, ги знае сите дела нивни.
16Не го спасува царот голема војска; голема сила ни исполинот нема да го спаси.
17Несигурен е коњот за спасување, со глемата сила своја не може никогаш да се избави.
18Но, ете, очите Господови се врз оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на милоста Негова,
19дека Он ќе ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ќе ги прехрани.
20Душата наша се надева на Господа: зашто Он е наш помошник и наш заштитник,
21зашто во Него ќе се весели срцето наше; оти на името Негово свето се надеваме.
22Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме.