Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 23

:
Macedonian - 1990
1 Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е сѐ што живее на неа,
2 зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.
3 Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место?
4 Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не се колнел во душата своја напразно и не го спомнувал лажливо името Господово пред ближниот свој,
5 тој ќе добие благослов од Господа и милост од Бога, Својот Спасител.
6 Таков е родот на оние што Го бараат Господа, кои Го бараат Бога Јаковов!
7 Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата!
8 Кој е тој Цар на славата? Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ.
9 Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата!
10 Кој е Царот на славата? Господ над војските Он е Цар на славата!