Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 16

:
Macedonian - 1990
1 Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста.
2 Од Твоето лице нека излезе судот за мене; очите мои нека ја видат вистината.
3 Ти го искуша срцето мое, ме посети ноќе; со оган ме провери и не најде неправда во мене.
4 Човечки дела нека не зборува устата моја; поради зборовите на устата Твоја чекорев по патиштата тешки.
5 Утврди ги стапките мои на патиштата Твои, за да не ослабнат нозете мои.
6 Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои.
7 Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се надеваат на Тебе од оние што се противат на Твојата десница.
8 Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила,
9 од лицето на нечестивите, кои ме напаѓаат од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат:
10 тие срцето свое го затворија, наоколу со устата своја гордо зборуваат.
11 Гонејќи ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои, за да ме соборат на земја;
12 тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во потајни места.
13 Стани, Господи, пресретни ги и обори ги; спаси ја душата моја со Својот меч од нечестивиот;
14 од оние, Господи, кои ги има малку на земјата раздели ги во нивниот живот, и од она што е сокриено Твое ќе се наполни стомакот нивни; откако се наситија синовите нивни, од вишокот оставија и за децата свои.
15 А јас пред лицето Твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твоја.