Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 149

:
Macedonian - 1990
1 Запејте Му на Господа нова песна; похвала за Него да се чуе во храмот на светиите.
2 Нека се весели Израилот на Својот Создател; а синовите на Сион, нека се радуваат на својот Цар.
3 Нека го фалат името Негово во оро, со тимпани и со гусли нека Го слават,
4 зашто Господ го сака Својот народ и ќе ги возвиши кротките, спасувајќи ги.
5 Ќе се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои.
6 Славословија за Бога ќе има во устите нивни и двоостер меч во рацете нивни,
7 за да извршат одмазда над народите, за казна над племињата,
8 да ги врзат во верига царевите нивни и нивните властелини со железни окови на рацете;
9 да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ќе биде славата за сите Негови светии.