Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Psalms 13

:
Macedonian - 1990
1 Рече безумниот во срцето свое: »Нема Бог.« Се развратија луѓето, извршија гнасни дела, нема кој да прави добро.
2 Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли кој Го разбира и Го бара Бога.
3 Сите се застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема дури ниеден.
4 Зар нема да се вразумат сите, што вршат беззаконие, кои така го јадат народот Мој, како што јадат леб, и кои не го призовуваат Господа.
5 Таму ќе се уплашат тие од страв, каде што нема страв, зашто Господ е во родот на праведните.
6 Вие се подигрувате со сиромашниот, но Господ е негова надеж.
7 Кој ќе му даде од Сион спасение на Израилот? Кога Господ ќе ги врати заробените од Својот народ, тогаш нека се зарадува Јаков, и нека се развесели Израилот.